„…Ќе се измориш многу, додека да сфатиш дека молитвата без внимание и трезвеност над себе самиот е губење време, труд без наплата.
Треба над сите свои чувства одвнатре и однадвор да го ставиш будниот чувар, вниманието.
Бидејќи, без него умот и силите на душата се разлеваат над обичните и суетни работи како водата што се разлева по улиците.
Никој никогаш не ја нашол молитвата без внимание и без трезвеност.
Никој никогаш не се удостои да се искачи кон она што е горе без претходно да го презре она што е долу.
Многупати ти се молиш, а твојот ум го разгледува она што е овде или таму, тоа што му се допаѓа, тоа што од навика го привлекува.
Ти треба присилба да го оттргнеш од таму, за да внимава на молитвените зборови.
Многупати во твојата помисла, во твојот збор, во твојот слух, во твојот поглед, лукаво навлегува непријателот, а ти не го препознаваш.
Потоа ќе го препознаеш но, ти треба борба за да се очистиш.
Сепак не се изнемоштувај борејќи се со духовите на лукавството. Со благодат Божја ќе победиш и ќе се радуваш за сите твои таги.
Внимавај на овие нешта и кажи им на другите да бидат предострожни во самопофалбите, бидејќи тоа им штети и на совршените, а камоли на вас коишто сте сè уште слаби.
На еден светител, некој гостин три пати му рекол дека добро го извршува ракоделието. И на третиот пат светителот му рекол:
“…Oд мигот кога влезе овде човеку, го избрка Бога од мене..”.
Св. Јосиф Исихаст