МАНАСТИРОТ И ПТИЦИТЕ – Никола Илиевски (14 години)
Деца како деца, си играат на полјани и убави прошетки си прават низ дворци како овој, свет, пресвет дворец.
Таму, децата беа заштитени од насмевката на Бога и накажувањата на монасите и нивните поученија.
Едно попладне пред да се затворат портите на манастирот, едно дете остана внатре, играјќи си со манастирските кучиња кои имаа поглед на сјајни бунари со свети пари во нивните очи.
А, детето си седеше и си се молеше за семејството и за манастирското здравје за сите.
Еден владика гледајќи гои храанејќи ги дивите птици му се доближуваше.
Неговата коса разнишана од ветрот, тој црн долг мантил и таа голема света капа, го правеа да личи баш како син на Исус.
Владикаата му се преближи и му рече:
„Сине, божјо дете, зошто ти секогаш остануваш тука, самичко?“
Детето го погледна
„Јас владико, оче никогаш не сум сам, мене Бог ми кажува да бидам со Него, да не биде тој сам“.
Владиката: Ах,па тој никогаш не е сам, знаеш што? Ти си бистро и паметно дете, исто како и овие птици што ги хранам!
Детето: Зарем јас сум птица?
Не, синко, ти си човек, но како птица, затоа што го благословуваш ова гнездо, овие кученца, монасите, мене, дворецот и манастирот.
Детето го погледна и рече:
`Јас, оче никогаш нема да паднам, заради Неговите раце, душа и неговиот мек и чист, безгрешен глас.
Тој нема нервоза како нас, или пак, среќа како нас. Тој не гледа и суди, правилно и праведно. Неговите чувари се и наши, а Тој нивен и наш татко, севишен Татко.“
Го кажа тоа и замина по патеката.
-„ Сине, дојди утре да поткаснеме нешто!“
Детето замавна со раката и се насмевна, се чу звук на птици како го обиколуваат манастирот и пееа како црквенски хор, владиката остана зачуден, прекрстувајќи се три пати се помоли и рече:
„Оние зборови се големи, од мала душичка, но ако, се` е вредно за Бога…“
Добрината и овој глас на ова птичјо дете нека те краси Господе!
Амин…
Задува силен ветер и почна да се стемнува, птиците отидоа во длабоката шума, а владиката остана внатре да ја преспие ноќта!