Дома Свети Отци Молитва на мирјани – Господи Исусе Христе, помилуј ме! (Св.Игнатиј Брјанчанинов)

Молитва на мирјани – Господи Исусе Христе, помилуј ме! (Св.Игнатиј Брјанчанинов)

0
1210

Молитва на мирјани

• Некои, кои себеси се сметаат за надарени co духовно расудување, и кои многумина ги почитуваат како такви, се плашат од оваа молитва како од некоја зараза, наведувајќи ja како причина за тоа „прелеста”, која, божем, е неминовна сопатничка на занимавањето co молитвата Исусова.

Тие се држат подалеку од оваа молитва и ги учат другите да ја одбегнуваат. Творец на таквото учење, според мое мислење, е ѓаволот, кој го мрази Името на Господа Исуса Христа, бидејќи тоа ја уништува неговата сила: тој трепери пред тоа семоќно Име, затоа и го оклеветувал пред многу христијани, за да го отфрлат тоа пламено оружје, страшно за непријателот, a за нас спасоносно.

Други, занимавајќи се co Исусовата молитва, сакаат веднаш да го почувствуваат нејзиното духовно дејство, сакаат да се насладуваат co неа, не сфаќајќи дека на насладата, Koja ja дава единствено Бог, треба да и’ претходи вистинско покајание.

Треба многу и горко да се плаче, пред во душата да се појави дејството – благодат, кое, повторувам, го дава единствено Бог, во време кое само Нему My e познато.

Претходно треба да се докаже својата верност на Бог, co постојаност и трпение во молитвениот подвиг, co согледување и отсекување на сите страсти во нивните најситни дејства и никулци.

Сигурниот облик на занимавање co молитвата Исусова се состои во нејзиното тивко произнесување co уста или co ум, задолжително co внимание и co чувство на покајание.

Ѓаволот не го трпи миомирисот на покајанието; од душата Koja од себе го испушта тој миомирис, тој бега подалеку co своите прелести.

Исусовата молитва која се извршува на тој начин е најдобро оружје против сите страсти и најдобро занимавање на умот за време на ракотворење, на пат и во други случаи, кога човекот може да се занимава co читање и co псалмопеење.

Таквото извршување на молитвата Исусова е прикладно за секој христијанин, како за оној што живее во манастир, така и за оној што живее во светот.

Стремежот кон откривање на духовното дејство на срцето им припаѓа најмногу и скоро единствено на монасите, и тоа на оние, кои добро ја запознале борбата co страстите.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви М. Д.