Свети Симеон Нов Богослов

„…Секој треба да размислува за ова деноноќно, бидејќи ако претпоставиме дека долго време разговарал со Бога само со јазикот, а со умот не следел што зборува, зар со тоа не се изгубила смислата?

Ако е така, очигледно е дека сѐ уште не станал верен, и сѐ уште не другарува со Бога.

Затоа што верен се нарекува, и е, оној што има благодатта на Светиот Дух; оваа благодат го просветлува и собира умот, го сосредоточува за да сфати со Кого разговара и за што разговара.

Следствено, оној што не се моли така, тој ја нема благодатта, неверен е и живее далеку од Бога.

Значи, пред сѐ, потребно е да се стане верен, да се измоли од Него простување на сите претходни гревови, направени со збор, дело или мисла.

На таквите души Бог им порадува кроткост и смирение. Нив не ги напаѓаат демоните, како претходно, ни преку сластољубието, ни преку себрољубието, ниту преку славољубието.

Преку тие два дара Христовата душа здобива мир и помислите не ѝ можат ништо. Таквата душа се моли како што треба, со страв, стрвопочит и внимание, а не само со устата.

Ова е невозможно за човекот, без разлика дали е мирјанин, монах, анахорет, ѓакон, презвитер или архиереј, ако неговата душа не станала причесничка на Светиот Дух, според мерата на неговата вера во Исус Христос, бидејќи:

„Никој не може да Го нарече Исус Господ, освен преку Светиот Дух“.

Претходна статијаСТАРЕЦ ПАЈСИЈ ЗА ДУХОВНАТА, ВИСТИНСКА ЉУБОВ ВО БРАКОТ!
Следна статијаТаа е техниката на лукавиот!