Кога знаеме дека сме острастени, затемнети и под големо внатрешно влијание на демонот, зошто проблемот го бараме надвор од нас?

Зошто секогаш се самооправдуваме, а другите ни се ви новни за сè?

Штом го лоцираме проблемот надвор од нас, ние сме надвор од Патот, надвор од  Христос, надвор од Евангелието Христово, надвор од Духот Христов, надвор од своето срце…

Го оставаме тесниот пат и трчаме по широкиот.

Самооправдувањето, а осудувањето на другиот се сигурни знаци дека под нашите стапки се наоѓа широкиот пат.

Зошто бегаме од волните и од неволните страдања?

Или, зошто бегаме оттаму каде што ни се чини дека нè „повредуваат“ и нè  онеправдуваат“?

Зошто порадо не претрпите неправда?

Зошто порадо не ја претрпите штетата?

Но вие сами ги навредувате и оштетувате, и тоа браќата свои“, вели светиот апостол Павле (1. Кор. 6, 7-8).

Зошто се чувствуваме повредени?

Поточно, зошто му се предаваме на тоа чувство и се поистоветуваме со него и постапуваме според него, наместо тоа да ни биде повод за покајание?

Зошто сакаме да побегнеме од тоа што за нас е лек.

Не знаеме ли дека со тоа се одрекуваме од Крстот Христов, од Христос и Неговиот пат;
дека крајот на Неговиот пат е Голгота, дека крајот на секој еден од нашите патишта е Голгота?

И врз која основа на крај ќе се наречеме Христови, ако постојно го отфрламе Крстот Негов?

 

(Mpc OA)

Претходна статијаСакај Го Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сите свои сили и со сиот свој разум! (Свештеникот одговара)
Следна статијаТој е слеп! Ако си отидеш од мене, јас ќе направам и полоши работи (Старец Јосиф Исихаст)