Зошто некои Светители, Старци, советуваат

А некои, што да, повеке ми одговара, кога велат втората заповед е слична на првата – Сакај го ближниот како себеси.

Ние кој живееме во брачни заедници, со семејства пошироки како ке ја урамнотежиме лубовта помегу двете заповеди, незнам,многу ми е збунувачки.

ЗОШТО, првата заповед бара потполно откажување  од ближните заради безброј соблазна обострано, а малку ми наликува на себична, зошто?

Сигурно зошто сме со ближните, но и за оваа прашање наидов на еден одговор во евангелијата, или во стариот завет, незнам каде. се вели дека оние кои живеат во заедница, нека живеат но исто како да неживеат односно разбрав да не се емотивно врзиме, зошто нема никаков плод така,.

Тоа е тешко, но можно е секој кој сака, но се разбира со помош на првата Заповед.

СЕГА ОНАА за втората заповед мислам дека малце понесебична е зошто ако плодот го скриеш од ближниот кому ке го дадеш?

Ако некој ти пријде и те замоли за нешто?

ШТО ќе речам –  не,  не може…!?

Се` си мислам дека првата заповед си е сама со себе задоволна, но втората опстојува од првата, и се врти во круг со плод, тоа како еден леб да месиш даваш, плус ги трпиш слатките незадоволства од ближните нормално тоа е лекот на нашата себичност.

Каде има пофалба мојот дух се буни а каде наогам уште препирки кон мене, ама и јас ги давам си велам, да уште градиме тула под тула, сакам да кажам, сакам да бидеме градители, не уживатели, оти овде престанува се`.

Прашањето ми е:

Која заповед повеке одговара на нас во светот?

И дали ни се полезни да ги читаме книгите од типот на Добротолубие кој се ми се чини се работи само во склоб на првата заповед?

Со почит кон вас.

 

Одговор од отец Горан:

Волјевата наклонетост да сакаме да ги исполнуваме заповедите Христови е почеток на очистување на срцето од страстите, првата заповед го просветлува умот, оти Бог ни е единствено потребен, од Него ни е сѐ подарено во животот за што треба да благодариме.

Втората заповед е обожение, оти пак секој човек е образ Христов.

И така, растеме од заповед во заповед (нема градација мала, голема, како и за гревот, нема мал или голем) кои извршувајќи ги нѐ чуваат нас и нѐ воспитуваат и растат во љубовта, мирот, правдата и радоста на царството небесно кое не ќе има крај, како и што исповедаме.

Навистина Воскресна Господ!

Претходна статијаПрашање до свештеникот од наш читател….
Следна статијаЗошто бегаме од волните и од неволните страдања?