есна 7-ма
ирмос.
Ангелот ја ороси вжештената печка на преподобните момчиња. A мачителите ги натера да запеат: Благословен си, Боже, на нашите татковци! ирииев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Блудно го поминав животот на земјата; мојата душа ja предадов на темнината, но сега, Ти се молам, Милостив Владико, ослободи ме од ова ропство на врагот и дај ми желба да ја исполнувам волјата Твоја.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Слово Божјо, Ти беше распнат за сите; го предаде Своето тело и својата крв. Телото го даде, за да ме обновиш, а крвта – за да ме приведеш, Христе, при Твојот Отец.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Кратко е времето на мојот живот и исполнето co сградања и зло, но прими ме како покајник и просвета го мојот ум; ослободи ме од туѓинецот. Спасителу, биди милостив кон мене!
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Правосуден Спасителу, помилуј ме и избави ме од огнот и стравотиите, кои праведно ќе ми бидат досудени. Преку добродетел и покајание олесни го мојот крај!
И сега и секогаш и во вечни векови.
Амин.
Богородице Дево, сочувај ме од видливо и невидливо зло и прими ги, пречиста Дево, моите молитви; принеси ги на Твојот Син, за да ми дадедух,та да ја исполнувам волјата Негова.