Песна 5-та

ирмос:

Благи, Ти се молам, co Твојата божествена светлина озари ги душите на сите што co љубов спрема Тебе подраниле, за да Те познаат, Слово Божјо, Тебе вистинскиот Бог, Кој ги повикува од мракот на гревот.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

He гнаси се од мене, Спасителу, и не свртувај Го лицето од мене. Растовари го тешкиот товар на моите гревови. Ти си Добросрдечен, дај ми прошка на моите согрешенија!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Се исповедам пред Тебе, Спасителу, згрешив. Ти згрешив, разреши ме и прости ми, зашто си милосрден.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Јас Ти згрешив, Христе Спасителу, згрешив повеќе од сите; Те молам, немој да ме презреш.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Ти си мојот пресладок Исус, Ти си мојот Создател; co Тебе, Спасителу, јас ќе се оправдам.

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин. П

ресвета Богородице, помилуј ме мене грешниот. Укрепи ме во добродетелта и сочувај ме од предвремена смрт, за да не ме грабне неподготвен.

Tи, Дево, воведи ме во Божјото Царство.

 

Песна 6-та

ирмос:

Гледајќи го морето на животот, разбранувано од бурни опасности, доаѓам во Твоето тивко пристаниште и извикувам: Многумилостив Боже, избави ја од напаст душата моја!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Спасителу, Ти си го примил блудниот и раскајаниот разбојник. Само јас се предадов на гревовна мрзливост и станав роб на лошите дела. Моја грешна душо, тоа ли го сакаш?

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Згрешив Господи, згрешив пред Тебе. Исчисти ме, зашто нема друг меѓу луѓето, кој згрешил повеќе од мене. Сите ги надминав, грешејќи.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Викам кон Тебе, Господи, помилуј ме кога ќе дојдеш co Твоите ангели, на сите да им дадеш според делата.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Правосуден и човекољубив Боже, не ги презирај Твоите дела; не ги отфрлај Твоите созданија.

Иако згрешив повеќе од сите луѓе, Ти имаш власт да проштеваш гревови, помилуј ме!

И сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Прекрасна и брза Помошнице на сите луѓе, Мајко Божја, помогни ми, мене недостојниот, зашто мојата душa го бара тоа.

Претходна статијаДенес е Црковната година! (Тешко и горко на мене грешниот! )
Следна статијаСлава на Отецот и Синот и Светиот Дух!