Песна 4-та
ирмос:
Христос е моја сила, мој Бог и Господ, Светата Црква свечено пее и ликува; co чист дух Го прославува Господа.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Тешко и горко на мене грешниот!
За жалење сум повеќе од сите луѓе. Во мене нема покајание; но, Ти, Господи, дај ми солзи, горко да ги оплачам моите грешни дела.
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Bo овој час не ја затворај твојата врата,
Господи, но отворија за мене, покајникот!
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Човекољубив Боже, Ти сакаш сите да се спасат. Повикај ме, и како Благ прими ме сега, кога се кајам!
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Измачен сум! Ете, стрелите на непријателот ги ранија и душата и телото мое. Пред Тебе се струпјето и раните на моите самоволни страсти.
И сега и секогаш и во вечни векови.
Амин!
Врзан сум co многу гревовни синџири и заробен од лоши страсти и несреќи.
Кај Тебе доаѓам Спасение мое, и извикувам:
Дево, Мајко Божја, помогни ми!