Писмо 35.
Господи, благослови!
Го прочитав твоето писмо, се разбрав и почувствував, па, и не кријам, заплакав. Слава My на Бога, си преживеала тешко време. He преокупирај ce co тоа како да го промениш својот живот, препушти се на Божјата волја и моли се, co време, постепено ќе го промениш.
Добро е што не си направила свечен парастос, и без тоа си имала многу грижи и работа.
Секако, тебе ти било тешко да ја видиш: и да ја преживееш смртта на својата мила мајка, бидејќи порано си немала можност да престојуваш покрај некој што умира. Сепак, умирањата се различни.
Игуменот Маврикиј Валаамски се борел co смртта 40 дена, а јеромонахот Иринеј 60 дена; вчеpa, пак, погребавме монах кој имаше 74 години, кој почина одеднаш: до ручекот работеше, по ручекот остана сам во ќелијата; кога дојдовме во ќелијата, тој лежеше покрај масата — му ja предал душата на Бога!
Телото ти е од земја, па во земјата и оди, a душата е од Бога, па затоа и кон Бога се враќа.
А таму е Неговата света волја што одредува за вечен живот, според делата на секого. Нека биде, Господи, Твојата милост на нас, кои се надевавме во Тебе!
Немој премногу да читаш книги, труди се на работа да бидеш вредна.
Ако времето ти дозволува, секој ден читај по една глава од Евангелието и апостолските посланија и катизма, односно само првата глава. Св. писмо е поважно од канонот.
Господ нека те варди!
36.
8 јануари 1949 г.
Христос помеѓу нас!
Моментите на малодушност не се појавуваат само кај тебе, сите луѓе ги вкусуваат тие тешки моменти, понекогаш ти доаѓа да викаш на цел глас.
За човечките судбини во задгробниот живот ние не можеме да одлучуваме, тоа е Негова света волја.
Сепак, нема сомневање за душата на православниот верник, jac не се сомневам во нејзиното спасение. Степените на блаженство, секако, се одредуваат според „заслугите” на секој човек.
Како што рекол св. апостол, „една е славата на Сонцето, друга е славата на Месечината, и друга е славата на ѕвездите, бидејќи и ѕвезда од ѕвезда се разликува во славата”.
Ако некоја грешна душа отиде во адот, светата Црква се моли за таа душа и Господ ја ослободува од уздите на адот.
Јас, грешниот, верувам во црковните молитви.
По Божја милост, здрав сум. Господ нека те варди!
Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”
Подготви Мина Даниловска