ИСУСОВА МОЛИТВА
Mеѓу несфатливите чудесни својства на името Исусово се наоѓа својството и силата да се изгонуваат демони.
Ова својство го објави самиот Господ кога рече дека оној кој верува во него, со Името Негово ке изгонува бесови.
(Марко 16, 17)
Молитвата Исусова го открива присуството на демоните во човекот и ги изгонува од човекот.
При тоа се случува нешто слично на она што се случило при изгонувањето на демоните од демонизираното дете после Прeображението Господово.
Кога детето Го видело Господ Кој дошол, веднаш духот го стресе ; и тој падна на земи и се валкаше запенет.
Кога Господ му заповеда на Духот да излезе од детето – духот со злоба и гневни движења излезе, извикувајки и кршејки го силно детето, од што тоа би како мртво .
(Мк. 9,17- 27).
Силата на Сатаната – кој незабележливо пребива во човекот во текот на неговиот расејан живот – кога ке чуе дека човекот на молитва го призива името на Господа Исуса, станува збунета.
Таа ги покренува во човекот сите страсти и со нивно посредтство го доведува човекот во состојба на страшно колебање, произведувајки во телото различни чудни болести.
Во таа смисла преподобниот Јован Пророк рекол:
„ Нам, на немокните ни останува само да прибегнуваме кон Името Исусово: зашто страстите, како што е речено, се демони, и излегуваат поради призивањето на ова Име“.
Тоа значи: делувањето на страстите и демоните е заедничко; демоните делуваат со посредство на страстите.
Кога при кажувањето на Исусовата молитва ке видиме особено вознемирување и зовривање на страстите, заради тоа не треба да паѓаме во недоумица или во униние.
Напротив, да се охрабриме и да се подготвиме за подвиг, за грижливо молење со Името на Господа Исуса Христа , како оние кои добиле очигледен знак дека молитвата во нив почнала да произведува дејство кое и е нејзе својствено.
Свети Јован Златоуст вели:
„ Секавањето на Името на нашиот Господ Исус Христос го раздразнува ѓаволот на борба. Зашто душата која се присилува на Исусовата молитва, може се` да добие со таа молитва, и добро и зло.
Како прво таа може да го види злото во внатрешноста на своето срце, а потоа и доброто.
Оваа молитва може да ја покрене змијата и да ја смири.
Оваа молитва може да да го разобличи гревот кој живее во нас и може да го истребе.
Оваа молитва може да ја вознемири сета сила на ѓаволот во срцето, да ја победи и малку – по малку да ја искорени.
Името на Господ Исус Христос симнувајќи се во длабочината на срцето, ја смирува змијата која што владее на Неговите пасишта, а душата ја спасува и оживотворува.
Непрестајно пребивај во Името на Господ Исус Христос – срцето нека го впие Господа и Господ срцето, и овие две, нека бидат едно.
Впрочем, ова дело не завршува за ден или два, туку бара многу години и време: потребно е многу време и подвиг за ѓаволот да биде изгонет и Христос да се всели.
Влези и ти кој и да си, низ помислите кои што во тебе непрестајно нараснуваат, кон твојата заробена душа, робинка на гревот, до дно разгледај ги своите мисли и длабочината на помислите твои истражувај ја во пазувите на својата душа и ќе ја видиш змијата како ползи и се гнезди, која те убила труејки ја душата твоја.
Неизмерна е бездната – срцето.
Ако ја убиеш змијата, пред Бога твојата чистота ке се пофали; ако пак, не, тогаш смири се, молејки се како слаб и грешен на Бога за исправање на своите тајни гревови.
Царството на Темнината, кнезот зол на духовите, кој што од почетокот го поробил човекот, ја обложил и ја облекол душата и целото нејзино битие, сета ја извалкал,сета ја поробил и ја потчинил на своето Царство.
Од поробеноста кон себе ,тој на слобода не ги оставил ниту помислите, ниту разумот, ниту телото- ниту еден негов составен дел; целата ја преоблече во плашт на темнината.
Тој зол непријател на целокупниот човек ја осквернавил и ја обезличил и душата и телото;
тој човекот го облекол во стaриот човек – валканиот, богопротивниот, непокорниот на законот Божји,
го облече во самиот грев, за човекот да не види повеке како што сака, туку страсно, за да слуша страсно,
за да има нозе насочени за чинење на зли дела,
раце – за правење безаконија,
срце – кон зли помисли.
Но, ние да се помолиме на Бога, за Тој да го соблече од нас Стариот човек, зашто Тој единствен може да го отстрани гревот од нас : зашто тие кои што нас не поробиле и не држеле во својата власт се посилни од нас, а Тој вети дека ке не ослободи од тоа ропство.
„Ако душата значајно не пострада заради наметливоста на гревот, таа нема да може многу да се радува заради благоста на праведниот суд“.
Oној кој сака да го очисти срцето свое , непрестајно нека го распламтува со секавањето на Господ Исус , имајќи го само тоа како непрестајно поучување и дело.
Оние кои сакаат да го отфрлат својот стар човек, не треба понекогаш да се молат а понекогаш – не, туку непрестајно нека пребиваат во молитва ,чувајки го умот, па и тогаш кога се наоѓаат надвор од молитвените храмови.
Оние кои имаат намера да го очистат златото, ако и само за кратко време допуштат да се изгаси оганот во топилницата, со тоа ке доведат до повторно стврднување на материјата која се чисти; слично на тоа, оној кој понекогаш се секава на Бога , а понекогаш не, со безделничењето уништува се што мисли дека стекнал со молитва.
На човекот кој што ги љуби добродетелите својствено му е со сеќавање на Бога , постојано да ја отстранува земјеноста на срцето, за на тој начин , злото, малку по малку да биде уништено со огнот на секавањето на доброто и душата во голема слава во потполнoст да се врати во својата природна светлина.
На тој начин умот, пребивајки во срцето, се моли чисто и вистинито, „Молитвата станува чиста и вистинита, тогаш кога умот за време на молитвата се соединува со срцето“.
Да не се плашиме молители на Исусовата молитва, ниту од ветровите, ниту од брановите!
Ветрови ги нарекувам демонските помисли и фантазии, а бранови – кошмарот на страстите разбудено преку помислите и фантазиите.
Опкружени со најсурова бура, со постојаност , храброст и плач да заридаме кон Господа Исуса Христа:
Тој ќе ги стивне ветровите и брановите, а ние ке Му се поклониме со опит препознавајки ја Исусовата семоќ.
Преку зборовите: Навистина си Ти Син Божји (Мт. 14, 33)
Ние се бориме за своето спасение. Нашата вечна судбина зависи од победата или поразот во таа борба.
Дејствувањето на молитвата Исусова има своја постепеност, најнапред делува само на УМОТ доведувајки го во состојба на тишина и внимание, потоа почнува да продира во срцето , будејки го од смртниот сон и сведочејки за неговото оживување со појавата на чувствата на умиление и плач во него.
Задлабочувајки се уште понатаму, таа малку по малку почнува да делува во сите делови на душата и на телото, изгонувајки го гревот од секаде, уништувајки ја неговата власт, влијание и демонскиот отров.
Непрестајното призивање на Името Божјо претставува лекување кое ги убива не само страстите, туку и самото нивно делување.
Како што лекарот става лекови или мелеми на раните на своите болни и тие делуваат, а притоа без болниот да знае како тие делуваат, токму така и Името Божјо, кога се призива, ги убива сите страсти , иако ние не знаеме како тоа се случува“.
Превод: Мина Даниловска