ИЗВОРНИ ПОУКИ НА СТАРЕЦОТ ПОРФИРИЈ снимени на магнетофонска лента

Bo последните години од земниот живот старецот Порфириј имаше обичај да излезе од манастирот каде што се опоравуваше и да отиде во еден осамен предел во Евија, од страната на Егејот, во придружба на двајца-тројца луѓе што го опслужуваа бидејќи беше слеп и немоќен.

Таму обично остануваше два-три дена, ретко подолго. Затоа што се немаше каде да се преспие, најчесто ноќта ја минуваше во една осамена селска капела или во некој автомобил.

На луѓето што беа co него често им зборуваше за духовниот во Христа живот, a тие, од ревност и љубов, забележаа некои од тие поуки на магнетофонска лента. На овие снимени разговори често им недостасува почетокот или крајот, од причина што магнетофонот не им бил секогаш при рака.

Едно од најубавите парчиња сочувани на овој начин манастирот го издаде на касета, co гласот на старецот.

Овој текст претставува извадок од звучниот запис на магнетофонска лента. Разговорот што следи се случил во јули 1988 г., во три часот наутро, во селската капела на оној осамен предел.

(…)

Старецот:

Насекаде е. Објаснете го тоа вие, јас не можам да го објаснам. Јас само ви кажувам дека каде и да помислиш на св. Антониј, еве, сега ние можеме да помислиме на него овде, други да мислат на него во Тиваида, некои во Египет, некои во Ерусалим, некои на Синај, а тој во овој час е и тука и онде, и таму, и на друго место. Што велите вие?

Некoј: Насекаде е, зашто е во Божествената благодат.

Cтарецот: Да, во духовниот свет е. A ние, иако сме христијани, ништо не знаеме, деца, ништо… ништо не знаеме за Христа.

Некој: Тоа е вистина.

Старецот:   А ние, кутрите, живееме и го читаме највистинитото слово и тоа е убаво. Велиме:

‘Убаво рече тој отец’ или ‘убаво го кажа тоа оној отец’. Како се викаше…? Taка и такa.’ Убаво, убаво, сето тоа е убаво. Ама ние, сепак, остануваме во нашата негрижа, во нашата небрежност и живееме без Христа.

А Христос е нешто друго. Кога ќе му пријде Христос на човекот, кога ќе дојде во нашата душа, кога ќе му пристапи Христос на човекот, кога ќе влезе во душата, таа станува поинаква.

Живее насекаде, живее во ѕвездите, живее во духовниот свет, живее во далечината на просторот, живее во вселената, живее…

My зборуваат no телефон од Јужна Африка, од Индискиот Океан, a тој зборува co нив и им кажува за нивната куќа, за нивните девојчиња, им зборува за нивното семејство, додека е овде. Разбирате? Вие сега ќе помислите бидејќи ова ви го кажувам дека jac сум нешто. He сум ништо. Ho ce обидувам.

И од овие работи што ви ги кажувам, малку, сосема малку како да вкусувам. Се трудам… И сакам… И љубам… He ce терам себеси да ги стекнам, a no благодат Божја многупати ги живеам сиве овие работи без никому да кажам.

He ми е допуштено. Еве, тоа што ми е допуштено го кажувам, ама не можам секогаш да кажам. Ете, животот без Христа не е живот. Поминува, завршува. Ако не Го гледаш Христа во сите твои дела и мисли, ти живееш без Христа. Како го кажавме тоа, знаете?

Има една песна: со Христа насекаде страв никаде

…Ја имате чуено?

Ја пеат децата, не се сеќавам понатаму. Навистина, на овој начин треба да Го гледаме Христос. Тој ни е пријател, Тој ни е брат, Тој е се’ што е добро и убаво. Тој е се’, а сепак пријател ни е и повикува:

‘Be имам како пријатели, бре, разбирате ли? Вие сте Моите браќа. Бре, јас не сум… Јас не гo држам пеколот вo paкатa… Не ве плашам… Be љубам. Сакам да му се
радувате на животот заедно co Meне. Разбирате?’

Така е co Христа. Нема тага, нема меланхолија, нема вознемиреност. Човек ниту ги мисли ниту пак се измачува co најразличните помисли и притисоци што одвреме навреме го повредуваат во животот.

Христос е нов живот. Како да го кажам тоа? Христос е се’. Тој е радост, Тој е живот, Тој е светлина, вистинската светлина што прави човекот да се радува, да лета, да гледа се’, да ги гледа сите, да страда за сите, да сака сите да бидат co него, сите да бидат покрај Христа.

Кога некој ќе најде некое богатство или што било друго, не сака за тоа никому да каже. Христијанинот, пак, кога ќе Го најде Христа, кога ќе Го познае Христа, кога Христос ќе се всели во неговата душичка, кога ќе Го почувствува, посакува да повика, да го каже тоа насекаде, сака да зборува за Христа – ‘што е Христoc?’ ‘возљубете го Христа!’ и ‘ништо не претпочитајте пред Неговата љубов’.

Христос е Се’. Тој е извор на животот, крајниот копнеж, Тој е се’.

Секоја убавина е во Hero. A далеку од Христа: тага, меланхолија, нервоза, грижа, сеќавање на раните во животот, на притисоците, на мачните моменти. Сите овие работи ги преживуваме во текот на животот.

И скитаме наваму-натаму, а сепак, никаде да застанеме. Но кога ќе Го најдеме Христа, па каде и да е тоа, нека биде и пештера, седнуваме таму и се плашиме да заминеме за да не Го загубиме. Прочитајте, па видете.

Подвижниците што Го познаа Христа не сакаа да заминат од пештерата, дури ни да излезат надвор за да земат воздух, а сакаа да бидат таму каде што чувствуваа дека Христос е co нив. Христос е се’. Христос е изворот на животот, на радоста. Се’. Како го разбираш ти тоа, Нико?

Некoj: Toa што го кажавте, старче, се златни зборови. Тоа е вистината. Така е, како што кажавте Вие.

Cтарецот: Да. Само ние сме повикани и да живееме на тој начин, кога веќе велиме дека сме христијани, дека сме Христови. Сфаќате? Кога во моментите на слабост – за што и да се работи – ќе Го здогледаме Христа, веднаш го менуваме мислењето и сакаме да бидеме co Христа. Христос е нашиот пријател, Христос е нашиот брат. Тој ни зборува:

‘Вие сте Мои пријатели. Не сакам да Ме гледате поинаку. Не сакам да Ме гледате како Бог, како Слово Божјо, како Ипостас на Света Троица. Сакам да Ме гледате како свој, како пријател ваш, да ме прегрнете, да Ме почувствувате во вашата душа, МЕНЕ, пријателот ваш, вистинскиот Извор на животот’.

Тоа е, значи, вистината. A ceга, рековме, постои сатаната, постои пеколот, постои смртта. Сево ова постои, навистина постои. Тоа е другата страна. Тоа е злото, тоа е темнината, сето тоа и’ припаѓа на темнината.

Човекот, Христов, пак, треба да Го возљуби Христа, a кога ќе Го возљуби Христа, тој се ослободува од ѓаволот, од пеколот, од смртта.

Сега ќе ми речеш: ‘си стасал ли ти дотаму?’

He сум стасал, ама го барам тоа, го сакам тоа. И во молкот мој и секој миг се обидувам да живеам на овој начин. He живеам. Ама, еве, се обидувам. Всушност, како да ти кажам, како да ви кажам?

He сум отишол на одредено место, односно еднаш отидов. Го видов. Сега не сум таму, но се сеќавам на него, копнеам no него, го посакувам. Еве и сега, овој момент, утре, задутре, секој момент тоа ми доаѓа и го посакувам, посакувам да одам таму, го барам. Сега не сум таму. He знам како да ви ги објаснам овие работи. Ги разбирате ли?

Некој: Ммм…

Старецот: Ееех…

Некој: Да,старче.

Старецот: Да, но јас живеам во тој подвиг. Кажете ми дека сум глупав. Кажете ми – старче, овие работи не се зборуваат; оној што се обидува не зборува за тоа, туку ја повикува благодатта Божја да му помогне. Е, да, ама кога некој ќе полуди, тогаш зборува. Постои лудост…

(се моли): Господи… … Хм, ви реков…

(го менува тонот) Каде отиде?

Нелој: Излезе надвор…

Старецот: Што отиде да земеш таму? Зошто го запиша ова? Ова се глупости.

Heкоj: He ce глупости. Ако ce ова глупости, што е вистинито? Јас мислам, старче…

Старецот: Е сега, штом ви го зборувам ова, не сум co сите. Глупав сум што ви го зборувам ова.

Heкоj:  Старче, деведесет од сто од христијаните или не сме христијани или само се чудиме и се восхитуваме – убаво го рече тоа св. Ефрем Сирин, св. Исаак Сирин, добро кажа св. …, св. Јован Лествичник. И остануваме на тоа. Ништо понатаму. Нема подвиг …, затоа и не’ проголтаа нервозата, вознемиреноста и грижата.

Старецот: Е, да. Но, прашуваш, како? Како да бидам таму додека сум овде? Проблемот е дури да дојде Христос, да заживее во тебе, a тогаш, тогаш си насекаде. Co Христа. Тешкотијата е во тоа што Го немаме Христа.

Нелој: Да.

Старецот: А за овие работи … направете подвиг и тогаш (некои зборови не се многу разбирливи) ќе можеме да ги почувствуваме, живејте во нив и направете да се остварат. Пријател, брат! Како ли само го кажува тоа! И тоа колку! Каква длабочина се крие во тоа! Голема длабочина! Co други зборови, треба одважност. Христос не го сака стравот. He сака страв.

Некој: Да.

Старецот: Ex! апостолите – колку нежно! – не ги присилуваше, ги остави сами… се’ до крајот, кутрите! Се исплашија, се заклучија, си велеа ‘леле, што ни се случува?’ Но кога дојде Духот, ги направи совршени. Благодатта ги восоврши, нели?

Некоj: Така е, старче.

Пренесено од книгата “Старец Порфириј” од Клитос Јоанидис

Подготви Мина Даниловска