РАДУВАЈ СЕ, ЗАШТО ИМЕТО ТИ Е ЧОВЕК!!

Стегајќи заби, стискајќи тупаници до болка, радувај се, зашто живееш!

Радувај се на ведрината на небото и рубиновите зраци на изгрејсонцето!

Радувај се на бисерот од капките дожд, затоа што не може поинаку!

Радувај се со очајната радост на изранет воин!

Битката нека е изгубена,но знамето не е спуштено и оружјето не е фрлено во калта, и не бегаш со срам, затоа што нема од што да се бега!

Останува само да се стои, со лице пред смртта.

А кога ништо не останува, радувај се со голема радост за ближните свои.

Радувај се на туѓата љубов и гласната смеа на децата на другите!

Дури и кога железни облаци натежнале, радувај се! Во дожд и кал радувај се!

Радувај се и ликувај, презирајќи ја болката, зашто името ти е човек!

Епископ Лонгин (Жар)

Претходна статијаХрамот е Престолот на Царот на небото и на земјата!
Следна статијаЧувајте го срцето! (Кратка поука)