…Толку едноставно се` се решава кај оние кои вистински веруваат.

Но, ако некој посака да добие философски одговори по прашање на таквите тајни како што е верата, кај о. Јован може да го најде и тоа во утврденото со духовно искуство учење за „едноставната премудрост“ односно за „едноставната премудрост“ на Баќушка..

„Бог е преедноставно Битие“, како што тој често зборува т.е. единствено, кое не е сложено…

Да, зашто оној кој ништо не знае од лично искуство, тој не може ни да сфати….

Но, ќе земам споредба со секојдневното искуство: воздухот.

Хемијата раскажува за елементите од кои тој се состои, но и хемичарите го доживуваат „едноставно“, единствено бидејќи тој на крајот од краиштата е „едноставен“, единствен, монолитен.

И никаков ум, никаква хемија, не може да го направат тој да се доживува како сложен, т.е. како нешто што се состои од хемиски елементи. Тој се доживува непосредно, едноставно.

Така и Бог натсевишна едноставност…

Преку искуството тоа се разбира и чувствува јасно и суштински. И затоа човекот може да „појми “, да го прифати Бог , исто така, само – непосредно, „едноставно“, директно, без посредништво на другите „помошни“ помагала на умот.

Тие, „помошни“ средства само ја усложнуваат работата, а не помагаат…

„Во светот се ` е „едноставно“ и затоа се` и се доживува едноставно.

И натприродниот свет, исто така е едноставен …и да се доживее тој едноставен свет, можно е само во едноставноста на духот која се нарекува „вера“ .

И догмата на Светата Троица е исто така неверојатна но сесовршено „едноставна“, зашто е „преедноставен“ и Бог во Пресвета Троица…“

И тоа со умот не само што не може да се разбере, туку и оној кој тоа го знае од искуство, не може на другите да им го објасни со ум и зборови, зашто се` она што е едноставно непреводливо е на „зборови“ и на јазик на умот. Зборовите се само символи од проживеано искуство.

О. Јован тоа длабоко го знаел од лично искуство. И затоа тој често пишувал за премудрата едноставност:

„ Хистијанинот во светот треба да живее едноставно и мудро… вистинската мудрост е во Евангелската едноставност.“

„Премудроста – Христос Бог – е Ипостасна Божја Пемудрост„.

„Премудроста на Христијанинот се состои во едноставноста на срцето.

„Прости, чуј“; едноставно да послушаме.

„Прости, примете“: едноставно и искрено да ги примиме Светите Тајни“.

Едноставноста на верата, философски гледано, е неспоредливо ПОМУДРА, од разумното знаење.

Подобро да се каже:

Обидите со разум да се разберат Божествените работи „неедноставно“ и „не со вера“ се – безумни и лажни!

На едноставниот и мудар човек, верата му е доволна, дури и предоволна.

Пренесено од книгата : Небо на земјата“ (Учење на Св. Јован Кронштатски за Божествената Литургија)

Подготви Мина Даниловска

Претходна статијаНе го почнувајте денот без молитва и не легнувајте без неа…!
Следна статијаБлажен е оној што ќе успее да ја победи желбата за грешење…!