Дома Духовна литература Во овој свет секој има тројца пријатели!? (Интересна поука)

Во овој свет секој има тројца пријатели!? (Интересна поука)

0
1434

САМО ДОБРИТЕ ДЕЛА ГО ИСПРАЌААТ ЧОВЕКОТ ДО ПРЕСТОЛОТ НА БОГА

 

Еден човек имал тројца пријатели. Двајцата од нив многу ги сакал, а кон третиот бил рамнодушен. Еднаш, тој бил обвинет за нешто што не го сторил и требало да се јави кај судијата.

– Кој од вас – им рекол тој на своите пријатели – ќе дојде со мене и ќе сведочи пред судијата дека сум невин?

Првиот пријател веднаш се извинил:

– Јас не можам да дојдам со тебе – му рекол тој – бидејќи сум зафатен со други работи.

Вториот пријател го испратил само до судските врати, а третиот, кон кого бил рамнодушен, дошол со него пред судијата и се застапувал за него така ревносно што судијата веднаш го ослободил од обвинението.

Во овој свет секој има тројца пријатели:

ПАРИТЕ, РОДНИНИТЕ ИЛИ ПРИЈАТЕЛИТЕ  И ДОБРИТЕ ДЕЛА.

Првиот пријател, парите, човекот веднаш го напуштаат по смртта.

Вториот, пријателите и роднините, човекот го испраќаат до гробот.

Само третиот пријател, добрите дела човекот го испраќаат до престолот на Бога.

Добрите дела го носат пред Него и измолуваат милост.

Од книгата “Духовен семафор”.