КРСТОТ КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ

Отец Стивен Фриман

Нашите животи имаат смисла. Тоа можеби не секогаш ни изгледа така, но така е. За секого од нас постојат внатрешни принципи коишто ги водат нашите peшениja и го одредуваат приоритетот на нашите дела. Животот не е сосема случаен.

Голем дел од таа внатрешна смисла на нештата за нас е несвесен. Денот ни станува премногу зафатен и немаме можност да застанеме за да го анализираме секое дело и да мислиме за неговото значење и цел.

Понекогаш, човек само треба да ги вози своите деца на училиште, да оди во продавница, на доктор, на уште неколку други места и да направи десетина работи по дома, па да седне на маса и да вечера. Нашето внатрешно чувство во многу од деновите е просто да преживееме.

Денес не сме премногу преоптоварени од нашите животни тешкотии, барем не во споредба co сета досегашна историја. Но, често ги занемаруваме вистинските принципи на нашите животи.

“Нужноста” е крајно празен принцип за преживување на денот.

Централната точка на христијанскиот живот е Крстот.

Тој е многу повеќе од обичен настан во историјата. Тој е Настанот во историјата и продолжува да постои како вечно присуство. Христовиот Крст е откровението на вистинскиот Божји живот во светот.

Крстот е вистинскиот облик на нашето постоење. Но, што значи тоа? И особено што значи тоа во секојдневното живеење?

Како прво, значи дека нашите вистински животи не се сосредоточени во нас самите.

Нe сме создадени да бидеме себедоволни. Нашите животи, особено во тешкотија, го пронаоѓаат својот вистински облик тогаш кога им се даваме себеси на другите.

Другиот, a не ЈАС-то, е патот на Крстот. А тоа е екстремно спротивно на нашата култура.

Полнотата на другиот е секако Бог. Свети Павле вели дека нашиот “вистински живот е сокриен co Христа во Бога” (Кол. 3, 3).

Себеси можеме да се пронајдеме само надвор од себеси. Постојат многубројни практични начини за ова да го примениме во нашите животи:

Лажењето е ултимативниот чин на себичност. Тоа е обид да се создаде лажна реалност којашто постои само во нашиот сопствен перверзен обид да се преправи светот и да се избегне вистината. He лажи. He учествувај во лагата.

Крстот и начинот на живот.

Научи се да го љубиш Крстот. Често осенувај се co знакот на Крстот.

Впрочем, светите Отци ни велат дека треба да се осенуваме co Крстот пред почетокот на секое дело. И потем, кога ќе завршиме co било кое дело, се прекрстуваме во благодарност.

Крстот е сеќавање на Бога и вистина на нашите животи. Нашите животи не се наши. Тие му припаѓаат на распнатиот Господ, Кој ги покани Своите пријатели да My ce придружат во најчистиот акт на љубовта.

Љуби Го Бога. Љуби го Неговиот Крст.

Превод од англиски:

Даниел Јовановски

Пренесено од списанието “Православен пат”, двоброј 38-39, 2015

Претходна статијаОтец, како да најдам мир и трпение во душата? (На ваши прашања одговор од свештеникот)
Следна статијаАко ние немаме благослов од Бог, ништо не можеме да направиме! (Игумен Гаврил)