МОЛИТВА ВТОРА

Надеж на слугите Твои (имињата кажи ги) од сите краишта на земјата, Ти си, Пречисга Дево, Владичице, Богородице, утеха наша!

He гнаси се од нас грешните, зашто на Твојата милост се надеваме.

Згасни го во нас пламенот гревовен и co покајание ороси ги пресушените срца наши, очисти ни го умот од гревовните помиспи, прими ги воздишките од душата и од срцата прозбите што Ти ги принесуваме.

Биди ни Застапничка пред Синот Твој и Бог и скроти го гневот Негов праведен co Твоите Мајчински молитви. Душевните и телесните рани исцели ни ги  Дево Богородице, смири ги болестите на душата и телото, стивни ја бурата на злите непријателски напади; симни го бремето на гревовите наши и не оставај докрај да погинеме.

Зашто Ти го придигнуваш човечкиот род и во тагата си брза Помошничка.

Мајко вистинска на Христос, нашиот Бог, помагај ни, на грешните слуги Твои, во секое време, и сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

Претходна статијаИма болести чие исцеление Господ го забранува кога ќе види дека е болеста, а не здравјето, попотребна за спасението…
Следна статијаЗа посни денови !