ЗА БОЛЕСТИТЕ И ХРИСТИЈАНСКИОТ ОДНОС КОН НИВ

Преподобен Јован Лествичник

Се’ е од Бог: и болеста, и здравјето, и се’ што е од Бог ни се дава заради наше спасение. Така и ти примај ја својата болест и благодари My на Бог што се грижи за спасението твое.

Како ќе се спасиме токму co она што ни го праќа Бог, можеби нема да откриеш, зашто најверојатно нема да препознаеш.

Едно ни праќа Бог за казна, како епитимија, друго за вразумување, за да се освести човек; трето за да не’ избави од неволја во која би паднале кога би биле здрави; четврто за човек да покаже трпение и co тоа да заслужи поголема награда; петто за да не очисти од секаква страст и од други причини…

А ти кога ќе се сетиш на гревовите, вели си:

„Слава Тебе, Господи, што ми наложи епитимија како казна!” Кога ќе се сетиш дека порано не си Го спомнувал Бог секогаш, речи:

„Слава Тебе, Господи, што ми даде повод и поука почесто да си спомнувам за Тебе!” Кога ќе помислиш дека кога би бил здрав, би направил нешто друго, нешто што не е добро, вели:

„Спава Тебе, Господи, што ме одвраќаш од гревот”, и се’ така…

Така и радувај се!

За се’ благодарете My на Бог; и за болежливоста благодарете. Мене отстрана ми е лесно вака да зборувам; а вам, пак, во суштина сигурно не ви е лесно така да чувствувате.

Секако, при ова слово за трпението се молам Господ да ви даде благодушно да ја поднесете болеста и да научите нешто од неа. Кој ќе погоди зошто ве приковал Господ?

Но несомнено е дека ова ви е пратено како придонес кон животната цел, која самите сте си ја одбрале и заради која се трудите соодветно да се однесувате. Во минутите кога страдањата ви стануваат потешки, освен во ова што ви го кажувам, храбросг за благодушно трпение барајте и во примерот на сите светители и особено на мачениците.

Колку и како трпеле тие?! Тешко е и да се замисли. Зашто, конечно – во Царсгвото Божјо треба да влеземе преку многу маки (Дела 14, 22).

И тоа што е ветено од Господ се нарекува венец.

Заради што? Затоа што таму не може да се искачиш без страдања. Дотаму патот е еден – крст волен или неволен.

Ангелот Чувар нека ви дава утеха и радост!

За тоа дека шумот во главата не ви дава да ја задржите мислата, не кукајте. Бог и’ суди на душата според она што од неа самата зависи, а не по тоа за кое не е моќна. Bo срцето држете ја намерата да не се оддалечите од Господ и Он ќе го прими тоа.

Сега треба да го оставите правилото за пост.

Подоцна ќе постите ако на Бог My биде угодно да ве придигне; a cera, во болеста, како лек може да јадете се’ што ќе ви советува лекарот.

Има болести чие исцеление Господ го забранува кога ќе види дека е болеста, а не здравјето, попотребна за спасението.

Претходна статијаHe јадосувај се; Бог не те заборавил…!
Следна статијаДушевните и телесните рани исцели ни ги  Дево Богородице…