180.

Оние христијани, кои навистина ја вкусиле благодатта на Светиот Дух, можат да сфатат, дека се’ што е на земјата – сите царски сокровшпта, целото богатство, сета слава и сета земна мудрост – ce’ e ништо, дека е непостојано и дека брзо изминува.

Се’ што е под небото треба да биде презрено заради вистинските духовни богатства.

А зошто? Затоа што она над небесата е поценно од се’ што се наоѓа во царските сокровшпта, во светската мудрост и во славата на овој свет.

А достоинството и богатството што го придобиле облагодарените луѓе, кои во својот внатрешен човек Го имаат Господа и Создателот на се’ – тие имаат вечни и непреминливи духовни богатства.

 

181. Умот и разбирањето на христијаните, по добивањето на Светиот Дух и општењето co Hero, добиваат постојанство, тврдост и спокој, не се расејуваат и не им се покоруваат на веќе непостојаните и суетни помисли, туку живеат во Христовиот мир и во љубовта на Светиот Дух, затоа и Господ, за таквите рекол, дека тие преминале од смрт во живот (cп. Јован 5,24).

Христијанинот од сите луѓе во световната твар се одликува co обновување на умот, co смирување на помислите, co љубов и co небесна љубов кон Господа. Затоа и дошол Господ Исус Христос: оние што ќе поверуваат во Господа да се удостојат co овие духовни блага.

182.

Како што крвоточивата жена, која вистински поверувала во Господа и се допрела до крајот од Неговата облека, и веднаш оздравела, веднаш пресушил нечистиот поток од нејзината крв, така и секоја душа, која има во себеси неизлечива гревовна рана, извор на нечисти и грешни помисли, ако дојде при Христа, и ако вистински верува во Hero и My ce помоли, ќе добие спасително исцеление – исцеление од неизлечивото течење на страстите и co силата на Единиот Исус – ќе престане и ќе пресуши изворот, од кој истечуваат нечисти и грешни помисли.

Оваа страшна рана никој друг не може да ја излекува.

183. Како што сонцето, кое изгрева и се издигнува над земјата, сите свои лаги ги растура по земјата, а кога заоѓа – сите нив ги собиpa co себе си, така и душата, која не е препородена од Духот одозгоpa – целата co сите свои помисли се наоѓа на земјата и нејзините помисли стигнуваат дури до крајот на земјата, но штом се удостои да ги прими небесното раѓање и општењето co Светиот Дух, тогаш, откако ги собере заедно сите свои помисли и, задржувајќи ги во себе си, се издигнува кон Господа, во неракотворното небесно живеалиште.

Toгаш, сите помисли на човекот, навлегувајќи во небесниот воздух стануваат небесни, чисти и свети, бидејќи душата, ослободена од веригите на бесовскиот кнез, од духот на овој свет, добива чисти и божествени помисли, зашто Бог посакал да го направи човекот учесник на Својата божествена природа.

Ова се пројавува уште во самиот почеток кога почнува да дејствува благодатта, но многу е опасно да се мисли дека co тоа е постигнато совршенство.

Co ова се става само почетокот. Благодатта, која дозволила само да биде почувствувана, постепено го совладува срцето, додека не го исполни целото и додека не преобрази се што е во него.

184.

Кога дејството на Божјата благодат ја осени душата, според верата на секого, и кога душата ja прими помошта одозгора, тогаш благодатга ја осенува само делумно. И не мисли дека тогаш душата на некого бива потполно озарена; во неа и понатаму останува уште простор за порокот; човекот и понатаму има потреба од голем труд и од многу усилби, кои треба да бидат во него усогласени co дејството на благодатга.

Затоа, Божјата благодат, која може само во еден миг да го очисти човекот и да го направи совршен, почнува постепено да ја посетува душата, за да ја испита човековата слободна волја и дали таа ја запазува целосно љубовта спрема Бога, дека во ништо не се согласува co лукавиот дух, туку дека потполно и’ се предава на благодатга.

На тој начин, душата во тек на долго време и на многу години се покажува искусна и co ништо не ја навредува и огорчува благодатта и во таа и таква постепеност наоѓа голема помош.

И самата благодат овладува co душата и, откако душата во тек на многу години се покажала искусна и усогласена co благодатта, ги пушта своите корени длабоко во неа и во сите нејзини помисли, се додека таа не биде потполно опфатена од небесната благодат, која веќе царува во овој духовен сад.

 

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том I (Свети Макариј Велики)

Претходна статијаТвојот пост да биде според твоите сили и пред Божјото лице…
Следна статијаИ оној што насадил круша – и тој не бере веднаш пловоди од неа. *(Добротољубие – За благодатта)