Кажувањата на И.М.К. за отец Серафим
Ha 18 јули 1831 год. јас и мојата жена Ј. П. бевме во Саров и пустината на отец Серафим. Го затекнавме Старецот на работа: ја кршеше земјата во леите co мотика; кога му се доближивме и му се поклонивме до земја, тој не’ благослови и, ставајќи ja својата рака врз мојата глава, го кажа тропарот на Успението на Мајката Божја „В рождество дество сохранила јеси”.
Потоа седна во леата и ни заповеда и ние да седнеме; ние спонтано застанавме пред него на колена и ja слушавме беседата за идниот живот, за животот на светиите, за застапништвото, предстателството пред Бога и грижата за нас, грешните, на Владичица Богородица и за тоа што ни е неопходно во овој живот за вечноста.
Беседата траеше не повеќе од час, но тој еден час не можам да го споредам co сиот мој поминат живот.
Додека траеше беседата во срцето чувствував необјаснива, небесна сладост, која Бог знае на кој начин тука се прелеваше и која не можеше да спореди co ништо на земјата и за коja до ден-денешен не можам да си спомнам без солзи на и без чувство на жива радост во сето мое битие.
До овој миг, макар што не отфрлав ништо свето, но и до ништо свето не држев; за мене во свет се беше безразлично, се исто и јас кон сс бев подеднакво ладнокрвен.
Отец Серафим за првпат ме натера да ја почувствувам семоќноста на Господ Бог и Неговото неисцрпно милосрдие и сесовршенството.
Порано за таа ладнокрвност на мојата душа кон се’ свето и за тоа што сакав да си играм co безбожни зборови, правосудниот Господ му беше дозволил на одвратниот дух на богохулноста да завладее co моите мисли, и тие непристојни мисли, за кои до ден-денес не можам да си спомнам без ужас, цели три години ме кршеа, особено на молитва, в црква, и најповеќе кога и’ се молев на Царицата Небесна.
Веќе мислев во очајание дека никакви маки, според земскиот суд, не се доволни за моја казна и дека само адските вечни маки можат да бидат праведна одмазда за моето богохулење.
Ho отец Серафим во својата беседа сосема ме успокои, велејќи co неговата необјасниво-радосна насмевка: да не се плашам од таа бучава во мислите,
Дека тоа е дејствување на ѓаволот поради неговата завист и без страв да ја продолжам својата молитва, какви и да се одвратни и хулни мислите што ми ги претставува ѓаволот.
Оттогаш, навистина бучавата во мислите почна малку no малку да исчезнува и за помалку од месец сосема прекина.
Ha крајот на својата беседа Старецот ни даде една заповед, како заповед за сопружничкиот живот, и co ангелска насмевка ни рече:
„Ако не го исполнувате тоа, тогаш ти или таа набргу ќе умрете”.
Другиот ден, no Литургијата, уште еднаш отидовме во ќелијата на отец Серафим и тој, напојувајќи не’ co света вода, ни даде по три суварки и ни го благослови патот.
Сето ова се случуваше на едно година и пол до неговата смрт; во текот на тој период, ние, откако се вративме дома, ja чувавме, co помош Божја, заповедта на Старецот; потоа, малку по малку почнавме да ја забораваме и неколку пати направивме престап.
После тоа одеднаш јас се разболев од малаксаност во целото тело, како од некоја силна треска; две недели откако легнав в постела. останав без глас, устата ми се олади, веќе бев сосема безнадежен случај.
Истиот ден, кога смртта веќе беше готова да ја земе својата жртва, утрото дојде кај мене овдешниот лекар, Д. А. В, кој ме лечеше и ми го раскажа својот сон; му се прикажало како доаѓа кaj мене, кога одеднаш на патот му се нашол некој старец во опинци и во долга кошула, кој го застанал и му рекол:
„Одиш да го лекуваш? Нема да го излечиш, и тој мора да умре; но кажи му да даде пред Бога еден завет, тогаш ќе остане жив”.
Jac, пo милоста Божја, ја слушнав приказната на лекарот и откако тој си замина, почнав да размислувам за тоа што го слушнав.
Истиот час разбрав дека тоа старче не беше никој друг, туку отец Серафим, кој веќе беше упокоен, и дека мојата сегашна болест беше последица на нарушување на неговата заповед.
Toгаш почнав горко да се каам за својата постапка и му дадов завет на Бога дека, ако останам жив, ќе ja земам под свој покрив една од своите роднини, сирачка, девојката Надежда.
Само што го дадов тој завет во душата, почувствував моментно олеснување на болеста, по неколку минути самиот можев да седнам на постела, веднаш потоа почнав да ja викам жената co вообичаениот глас на здрав човек и заедно co неа заплакав пред Господа co радосни солзи за чудото кое беше извршено од отец Серафим.
Другиот ден почнав да шетам по одаите и сосема оздравев.
Истиот овој селанец раскажува за своја роднина, која живеела во Нижни Новгород, В. И.Б. Таа се омажила за вдовец, кој од првата жена имал две деца; во тој брак била толку несреќна, што нејзините роднини на крајот посакале таа да го остави својот маж.
Ho пред тоа да го направи отишле да се посоветуваат co отец Серафим и Старецот вака одговорил:
„Кажете и’ никако да не го остава својот маж; за тоа ја моли грешниот монах Серафим, сите непријатности кои досега ги трпеше набргу ќе се завршат”.
Навистина, не повеќе од половина година мажот и’ умре и таа co Божја помош ги смести своите сирачиња во државни установи на учење.
Пренесено од книгата “Преподобен Серафим Саровски во сеќавањата на современиците