ПОДАЈ МИР МИРОТВОРКЕ…

Со благослов си нѐ облекла –  Благословена;

во девственост си нѐ измила – Очистителке,

раната Евина си ни ја превила – Исцелителке,

за Живот си нѐ родила – Животодарителке,

со Вистина си нѐ напоила –  Богородителке!

 

Подај мир, Миротворке – за Мирот да го сееме.

Подај вера, Веропазителке –  вера плодна да жнееме.

Даруј милост, Милосрдна – Милосрдие да умножиме.

Даруј светост, Пресвета – во светиња да се облечеме.

Даруј благост, Блажена – со Рајот да се блажиме .

Даруј чистота,  Пречиста – гревовни срца да измиеме.

Подај правда, Праведна – за Правда да узнаеме.

Даруј добра, Добродетелке – во добродетели да се украсиме.

Подај храна, Богохранителке – во Христа да се наситиме.

Подај виделина, Светлино – души да просветлиме.

Подај солзи, Премилостива – срца да преумиме.

Даруј  Слово,  Словородителке – во Љубов да се преродиме!

м.д.

Претходна статијаОна не е божица, Она е нешто уште попрекрасно и позначајно за нас: ОНА Е БОГОРОДИЦА
Следна статијаМе напагаат зли мисли, добивам мисли против Бога… (На ваши прашања, одговор од свештеникот)