За Миропомазанието
304. Што е Миропомазание?
Миропомазанието е Тајна во која на верниот при помазание co осветено миро на делови од телото, а во името на Светиот Дух, му се подаруваат дарови на Светиот Дух, кои го враќаат во духовниот живот и го укрепуваат во него.
305. Што се говори за таа Света тајна во Светото писмо?
За внатрешното дејство на таа Света тајна во Светото писмо, односно од страна на апостолот Јован се вели:
А вие имате помазание од Светиот и знаете се’… во вас останува помазанието што го примивте од Него и немате потреба некој да ве поучува, туку како што Неговото помазание ве поучува за се’, и е вистинито и не е лага и како што Тој ве научи, така останете во Него (1 Јн, 2, 20; 2, 27).
Ha сличен начин и во ист дух и апостол Павле вели: Бог е Оној, Кој не’ утврди co вас во Христа и не’ помаза; Тој и не’ запечати и ни дадe залог на Духот во cpцатa наши. (2 Кор. 1, 21-22).
Оттука се земени зборовите кои се произнесуваат при Миропомазанието: печат на дарот на Светиот Дух.
306. Што се однесува до напомените во Светото писмо за надворешното дејство на Миропомазанието, може да се мисли дека зборовите на апостолот Јован се однесуваат и кон видливото помазание; но попознато е дека апостолите за откривање на даровите на Светиот Дух кај крстените, употребувале ракополагање (Дела 8, 14-17).
Преемниците на апостолите, пак, наместо тоа, започнале да употребуваат миропомазание, за што пример веројатно било помазанието кое се употребувало во времето на Стариот завет (2 Мојс. 30, 25; Царс. 1, 39; Свети Дионисиј Ареопагит, За Црковната ерархија, гл. 4).
307. Bo што се состои особеноста на светото миро?
Право да го осветуваат светото миро имаат највисоките степени на свештената ерархија, односно епископите кои се преемници на апостолите, кои пак, го извршувале ракополагањето за слегување на даровите на Светиот Дух.
308. Што значи помазувањето на делови од телото co светото миро?
Помазанието на челото означува осветување на умот, односно на мислите.
309. Помазанието на градите – осветување на срцето, односно на желбите.
310. Помазанието на очите, ушите и усните осветување на чувствата.
311. Помазанието на рацете и нозете -осветување на делата и на целокупното однесување на христијанинот.
Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски