За Крштението

285. Што е Крштение?

Крштението е Света тајна во која оној што верува преку трократното потопување во вода co призивање на Бог Отецот и Синот и Светиот Дух умира за плотскиот, гревовен живот и преку Светиот Дух се враќа во духовен, свет живот. Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото Царство (Јн. 3, 5).

286. Каде Крштението го има својот почеток?

Крштението започнало на следниот начин. На реката Јордан, пророкот и претеча на Спасителот, Јован крштеваше co крштевање за покајание, велејќи му на народот да верува во Оној Кој ќе дојде по него, односно во Христос Исус (Дела 19, 4). Потоа Исус Христос co Својот пример го освети Кршението, така што и Самиот беше крстен од Јован. Ha крајот, пo Своето Воскресение, Тој на апостолите им даде торжествена заповед: Одере и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух (Мт. 28, 19).

287. Што е главно во Светата тајна Крштение?

Најважното во Светата тајна Крштение е трикратното потопување во вода, проследено co произнесување на следниве зборови:

„Се крштева работ Божји (па се кажува името) во името на Отецот. Амин. И Синот. Амин. И Светиот Дух. Амин”.

288. Што се бара од оној што сака да го прими Крштението?

Од оној што сака да го прими Крштението се бараат покајание и вера. Затоа, пред чинот на Крштението се чита Символот на верата. Покајте се!

И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за простувањето на вашите гревови и ќе го примите дарот на Светиот Дух (Дела 2, 38). Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; a кој не поверува, ќе биде осуден (Мк. 16, 16).

289. Ha која основа се крштеваат новороденчињата?

Бебињата се крштеваат според верата на нивните родители и кумови, кои притоа се обврзани да ги научат на верата, кога новокрстените ќе стапат во возраст кога ќе можат да ја разбираат.

290. Дали во Светото писмо има доказ дека младенчињата треба да се крстат?

Од Светото писмо може да се докаже дека треба да се крштеваат токму бебиња. Во времето на Стариот завет обрезанието се извршувало над бебенца стари осум дена, но во Новиот завет наместо обрезание се извршува Крштение, следствено на тоа, Крштението треба да се извршува над бебиња.

291. Од каде знаеме дека Крштението го заменило обрезанието?

Тоа дека Крштението се извршува наместо обрезание е очигледно од следните зборови на апостолот Павле, упатени кон верните: во Него (во Христос) сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово, откако се погребавте во Него во крштевањето (Кол. 2, 11-12).

292. 3ошто при Крштението се неопходни кумови?

При Крштението има кумови, кои се тука, за да гарантираат пред Црквата за верата на оној што се крштева и no Крштението да го примат под своја грижа co цел да го утврдат во верата (св. Дионисиј Ареопагит, За Црковната ерархија, гл. 2).

293. Зошто над оној што се крштева се чита заколнување?

Над оној што се крштева се извршува заколнување за да се оттргне од него ѓаволот, кој од времето на Адамовиот грев има достапност до луѓето и одредена власт над нив, како над свои робови и слуги. Апостолот Павле вели дека сите луѓе кои се надвор од благодатта според животот на овој свет, согласно co кнезот на воздухот, односно на духот, кој ceгa дејствува во синовите на неверието (Ефес. 2, 2).

294. Bo што се состои силата на заколнувањето?

Силата на заколнувањето се состои во името на Исус Христос, Кого Го призиваме co молитва и вера. Господ Исус Христос на верните им го дал следново ветување: co Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици (Мк. 16, 17).

295. Каква сила има осенувањето co крстот?

Осенување co крстот, co движењето на рацете, ja има истата сила која ја има и името на Исус Христос Распнатиот, кога е co вера произнесено преку движење на усните.

296. Од кога започнало осенувањето co крстот?

Употребувањето на крсното осенување својот почеток го има во добата на апостолите (свети Дионисиј Ареопагит, За црковната ерархија, гл. 2 и 5; Тертулијан За венците, гл. 3; За Воскресението, гл. 8 ).

297. Какво значење има облекувањето на белата одежда пo Крштението?

Белата одежда во која по Крштението се облекуваат новокрстените ја означува чистотата на душата и на христијанскиот живот.

298. Зошто над оној што се крштева се положува крст?

Врз крстениот се полага крст за непрестано напоменување на Христовата заповед и co цел видливо да се укаже на неа: Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својош крст и нека оди по Мене (Мт. 16, 24).

299. Што значи одењето околу купелот co светилник во рацете?

Одењето на крстениот околу купелот co светилникот ја означува духовната радост, соединета co духовно просветување.

300. Зошто во Символот на верата се вели дека Крштението е едно?

Bo Символот на верата е заповедано да се признава едно Крштение. Тоа треба да се разбере во смисла и значење дека Крштението е неповторливо.

301. Зошто Крштението не се повторува?

Крштението не се повторува затоа што тоа е духовно раѓање: човекот се раѓа еднаш, па затоа еднаш и се крштева.

302. Дали оние што грешат после Крштението носат еднаква вина како некрстените?

Оние што грешат откако над нив ќе биде извршена Светата тајна Крштение се повиновни за своите гревови од мерата во којашто некрстените се виновни
за своите. Тоа е така затоа што крстените имале особена помош од Бога за извршување на добри дела и истата ја отфрлиле.

Зашто ако се оттргнаа од световната расипаност оние co вистинското познавање на Господ и Спасителот Исус Христос и се заплеткуваат во неа и се надвладеани, тогаш ова последново им е полошо од првото (2 Птр. 2, 20).

303. Дали можат да бидат простени гревовите после Крштението?

Да, оние што грешат после Крштението имаат средство за да примат прошка на гревовите.

Тоа е покајанието.

Пренесено од книгата “Православен катихизис” од Свети Филарет Московски

Претходна статијаДЕДО НАУМ: Што значи тоа – да си мудар како змија и незлоблив како гулаб?
Следна статијаШто е Миропомазание? (Знаеме ли доволно за Светите Тајни на Црквата?)