СОБЛАЗНИТЕ ВО ЦРКВАТА

Како треба верните да се справуваат со нив?

– прв дел –

Што велат светителите Божји за ова?

„Кога луѓето се лоши, Бог им дава лоши епископи и владетели”.

– Св. Атанасиј Велики

„Колку што можеш, настојувај да го ослободиш твојот ближен од гревот, без да го навредиш”.

– Авва Иперихиј

 

ОНОЈ ШТО ГО КРСТИЛ

Еден такси возач ја раскажува оваа случка од неговото село:

„Едно дете, на возраст од 4-5 години, секогаш го избегнувало свештеникот од селото. Неговите родители и неговиот кум го советувале да му ја целива раката на свештеникот и да го почитува, но детето го тргало своето лице и дури и не ни сакало да погледне во него”.

-„Дете мое”, – му велеле тие, – „Тоа е свештеникот што те крсти, целивај ја неговата рака”.

Детето на тоа одговарало: -,,Не, тој не е Оној кој ме крсти!”.

Тие сите се чуделе на однесувањето на детето, се додека еден ден во црквата, детето не ја здогледало иконата на Христос, и одеднаш извикало, повикувајќи и покажувајќи со прстот кон неа:

– „Тој ме крсти”.

Со своите непорочни очи, детето Го виде Оној Кој навистина го крсти, но тоа го игнорираше Неговиот инструмент, свештеникот.

ОД РАКАТА НА СВЕШТЕНИКОТ

Самиот свештеник не ги извршува Таинствата – спротивно на верувањата на западот, каде што се вели: „Јас те крштевам”.

Благодатта на Таинствата дејствува независно од личноста која ги извршува. Не е свештеникот оној кој крштева, туку Оној Кој беше крстен во водите на реката Јордан – Христос.

Православниот свештеник не вели:

„Јас го крстив тој и тој”, туку, вели: „Тој и тој се крстени”; не само свештеникот го извршува крштевањето, туку Христос сослужува во извршувањето на Тајната заедно со свештеникот, и Он Самиот ја полага Својата десна рака врз главата на оној што се крштева.

Христос не ја употребува фразата:

„Јас крштевам”, туку Он вели: „ќе бидете крстени во името на Светиот Дух”, така поучувајќи не нас на смирение.

Во оваа насока, се става ограничување на високоумните и гордите кои за себе мислат дека се големи поради тоа што крштаваат, наместо да благодарат за овој дар.

Ке биде од интерес за сите нас доколку ги разгледаме пишувањата на Црквата.

Секој може да најде поучни раскази во врска со расудувањето што треба да го имаме при правењето разлика помеѓу гревот и грешникот, особено кога се работи за клирот.

ИЗБОР

Се случило еден човек да го види својот духовен отец како греши. Очајувајќи за своето спасение и мислејќи дека сите Таинства на Црквата што ги примил од рацете на свештеникот се невалидни, тој отишол во шумата и одел по течението на еден мал поток, и постојано пиел од чистите води на потокот.

Мегутоа, кога зачудено видел дека водите истекуваат од устата на едно мртво куче, тој паднал во очај по втор пат. Сега, тој ја видел пред себе својата смрт

Тогаш му се појавил еден ангел и го уверил дека, нема да претрпи било каква штета.

Понатаму, ангелот му рекол дека ова му се случило заради негово лично поправање, за да може да научи дека истото се однесува и на духовните работи.

Благодатта не може да претрпи штета, таа во никој случај не може да биде осквернета од личните гревови на свештеникот.

Идејата дека Светите Таинства се недејствени поради гревовите на свештеникот е донатистичка ерес.

Друг пат, еден свештеник, кој служел недостојно, бил невидливо врзуван со синџири надвор од Црквата, додека, пак, во олтарот служеле ангели наместо него.

Друг пат, пак, еден епископ кој живеел во плотски грев бил врзан од еден ангел за столбот на Црквата за време на Литургијата, и наместо него, истиот ангел служел со свештениците и ѓаконите, продолжувајќи ја Литургијата се до отпустот Потоа ангелот го одврзал епископот и исчезнал.

За време на Литургијата на еден недостоен свештеник, во моментот кога пристапувал кон Светиот Престол, еден ангел се спуштил од Небесата и ја ставил својата рака врз главата на свештеникот

Тогаш свештеникот станал како огнен столб, и така Божествената Литургија продолжила.

 

Во некои околности, осудата за неморалност е неоправдана. Свети Макариј Велики бил наклеветен за блудство, но сепак тој ја прифатил клеветата како да е точна.

Па и тоа како да не било доволно, тој ја обезбедувал својата „жена” околу потребите на новороденото бебе!

Свети Сава Освештени, свети Симеон Новиот Богослов, свети Симеон Босоногиот од Света Гора, сите тие биле наклеветени од група одметнати монаси, и тие ги поднесувале овие клевети трпеливо.

Служителите Божји немаат навика да се оправдуваат себеси кога тие се наклеветени од други; тие не им се спротиставуваат Сепак, понекогаш и обвинителите на светителите добивале отрезнувачка лекција.

Како што е случајот кога една личност била опседната од ѓаволот, и ѓаволот почнал јавно да исповеда: „Јас го наклеветив слугата Божји”.

Еден друг брат паднал во искушение, па еден аскет наредил тој да биде избркан, за да се избегне скандал. Но потоа, истото искушение паднало врз аскетот, се додека на крајот, тој не го слушнал гласот на ангелот, кој му рекол дека ова искушение паднало врз него, бидејќи тој бил многу строг кон избрканиот брат за време на неговото испитување…

Продолжува…

 

 

Извор: Десетто издание на „Православна светлина“

ИЗВОРПремин Портал
Претходна статијаПреподобен Ефрем Сирин – ЗА ПОСТОТ! (Во пресрет на Богородичниот пост)
Следна статијаСекој што прави грев, роб му е на гревот. (Јн. 8, 34) – Свети Ефрем