ОД СВЕТИ ЕФРЕМ

ЧЕДО, гледајќи дека се немарни оние што остареле во монашкиот образ (чин), внимавај на себе и чувај се да не им позавидиш и да не тргнеш no нивниот пат, наследувајќи, заедно co нив, вечни маки.

И повторно, внимавај ако постанеш воздржлив, да не почнеш да се гордееш во однос на нив и да не почнеш високо да мислиш за себе. станувајќи должник на непријателот. Внимавај на себе и грижливо чувај ја својата душа (5 Мој. 4,9).

Зашто, нас нема да не’ оправдаат ниту да не’ осудат делата на другите. Напротив, кога соголени и откриени (Евр. 4, 13) ќе не’ одведат пред Судијата, секој ќе даде одговор за себе и ќе го понесе своето бреме (Гал. 6, 5).

Затоа е добро секогаш да внимаваме на себе и да ги поддржуваме оние што живеат по Божјиот закон, да се огледаме и да станеме слични на нив.

Ha оние, пак, што го пренебрегнуваат своето спасение и кои само се прикриваат преку својот монашки образ, немој да им завидуваш, за да не бидеш како војник што го фатиле противниците и кој го има печатот на Царот, а му служи на непријателот на Царот.

He лаже Оној што рекол: Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот. (Јн. 8, 34)

Образот е нешто како лист, а плодот е делото. Немој да гледаш на надворешноста на образот и немој да посакуваш да го поддржуваш, говорејќи во себе:

„He си подобар од оние што паѓаат во страсти”. Напротив, мисли на напишаното, т.е. дека во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна. (2 Тим. 2,20)

Ако ги прекршиш Господовите заповеди, правејќи грешни дела, ќе бидеш сад за нечесна употреба. Ако, пак, правиш дела според Божјите заповеди, ќе бидеш одбран, чист, осветен сад, кој му е корисен на Владиката и подготвен за секое добро дело.

Ти треба да сакаш добро друштво, и да се оттргнуваш од лошото. Зашто, никој не се родил како лекар или како разбојник или како ограбувач на гробовите, туку се научил од луѓето чиј ум го развратил сатаната.

Се’ што создаде Бог е добро. Немој да се насладуваш co бањите, ни co пиењето, ни co нарачаните гозби, ни co сладостите, за да не паднеш во погубна опасност.

Секогаш сеќавај се на жалоста на грешните и плаши се набрзо и ти да не се најдеш помеѓу нив.

Зарем никогаш не си влегол во куќа каде што се плаче (поради умрен)? И зарем не побрза да излезеш од куќата, гледајќи го плачот и слушајќи ги воздишките?

Од минливото треба да донесеш заклучок за вечното. Зашто, речено е:

Дај му совет на мудриот и тој ќе биде уште помудар. (Изреки 9,9) Без злоба примај ги Божјите заповеди, претпазливо одбивајќи ги замките на ѓаволот и престани да се дружиш co лошото друштво, за да остане мирен твојот внатрешен човек.

Немој да се дружиш co актери и комедијанти за да не те расипат co нивните мисли. Зашто, нивните зборови им штетат на оние што ги слушаат повеќе од отровот на змијата.

Тие прават старите да се однесуваат како деца, а младите ги вовлекуваат во вршење на беззаконија. Доколку живееш во општежителен манастир и ако забележиш дека неколку браќа живеат неприкладно, говорејќи она што не му е угодно на Бога, немој да гледаш на нив и на нивните зборови, туку имај го Бога пред очите, според напишаното: Секогаш пред очи ми е Господ, зашто Toј e од Mojaта десна страна, за да не се поколебам. (Пс. 15,8)

И немој да дозволиш лукавиот да те наведе да речеш во своето срце:

“Тие се старци и остареа во манастирот и во подвигот, а лошо се однесуваат. Што ќе правам јас, кој сум млад.” Напротив, послушај го Господа, Кој вели:

Зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани (Мт. 22, 14), и повторно: Малку ли се оние што ќе бидат спасени? (Лк. 13,23)

Постани и ти еден од избраните и малубројните, а не од многуте и од изгубените.

Зашто, оние што прават зло, без разлика дали живеат во манастир или на друго место, се синови на лукавиот и личат на каколот во житото (Мт. 13, 18).

Ти биди жито за да те соберат во Господовата житница и да не изгориш во неизгасливиот оган како каколот. Помисли дека праведниот Лот живеел во Содом, но не потпаднал под нивното сластољубие и разврат.

Затоа е спасен, според напишаното: Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја измачуваше својата праведна душа; значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден (2 Птр. 2,8 – 9), и останатото.

Иако живеел меѓу такви, Лот не е погубен co нив. А Гиезиј му служел и му грешел на пророкот Елисеј. (4 Цар. 5, 20 – 27) И Самуил живеел co Илија и се дружел co неговите синови. (I Цар. Згл.)

И тие се погубени, а тој е спасен затоа што вистински го сакал Господа и не ревнувал за животот на беззакониците. Јуда, заедно co учениците, го следел Господа, па сепак се предал во рацете на беззакониците.

Секој од нас секогаш треба да внимава на себеси. И ако живееме co праведниците и ние треба да живееме праведно, огледувајќи се на нив и имајќи во близина примери на добродетели.

Доколку, пак, живееме co грешници, да се потрудиме не само да не им завидуваме на нивните дела, туку да им дадеме повод за спасение co своето добро однесување.

Оној што вели:

„Немоќен сум и безгрижен и невнимателните луѓе лесно ме наведуваат на зло”, нека внимава на божественото Писмо и нека ревнува за начин на живеење каков што негувале светите отци.

На тој начин ќе биде благоискусен и пред Бога и пред луѓето. Тој нека оди кај луѓе што имаат страв Божји и кои ги лечат душите. И се’ што му кажуваат да го прима co копнеж и да го покажува на дело и набрзо ќе донесе плод.

Зашто, Писмото вели:

Прашај го татка си – и тој ќе ти каже, старците свои – и тие ќе ти речат. (5 Мој.32,7)

Треба да знаеме дека оној што ќе го занемари своето спасение и што ќе прави неприкладни дела во манастирот, ќе биде најтешко казнет, не само поради себе, туку и поради оние души што се погубени поради неговиот пример на мрзливост и злоба.

Оној, пак, што се труди за стекнување на добродетели и кој се грижи за своето спасение, ќе биде удостоен co голема слава на небото, затоа што на своите браќа им бил пример за добродетелен живот и затоа што co својата ревност ја поттикнал желбата на немарните (мрзливите) за исполнување на заповедите.

Оној што се борел во првите борбени редови и кој го пробил непријателскиот бедем, го ценат повеќе од останатите.

И Бог ќе го прослави повеќе оној што бил трезвеноумен во извршувањето на Господовите дела, давајќи им и на останатите позитивен и корисен пример.

Од книгата – Доброслов

Подготви М. Даниловска

Претходна статија„Јас го наклеветив слугата Божји”! (Соблазните во Црквата)
Следна статијаПоради што, кои и какви категории на луѓе одат кај бајачите?