ДВАЕСЕТ И ПЕТТИ НАСЛОВ

Злобата е лесно прифатлива и многумина ја одбираат, особено денес.

Добродетелта, пак, бара напор и малкумина се оние што ја следат. Hиe треба да ревнуваме {да се подвизуваме) заедно co нив и да не гледаме на многуте

ОД СТАРЕЧНИКОТ

1. ЕДНАШ, некој брат отишол кај ава Теодор Фермијски и му рекол:

„Ете, еден брат се врати во светот.” А старецот му одвратил:

„Зарем поради тоа се чудиш? Немој да се чудиш. Подобро е да се чудиш доколку слушнеш дека некој успеал да избега од челустите на непријателот.”

2. СТАРЕЦОТ рекол:

„Подобро е да живееш со тројца што имаат страв Божји, отколку co десет илјади што немаат страв Божји. Во последните денови, од стотина што ќе живеат во манастирот, само малкумина од нив ќе бидат помеѓу оние што се спасуваат; и меѓу педесетина не знам дали ќе се најде некој.

Сите ќе се преобразат во љубители на трпезите и на стомакоугодувањето, ќе постанат властољубиви, среброљупци. Зашто, мнозина се повикани, a малкумина избрани.” (Мт. 22,14)

3. ИСТИОТ старец рекол:

„Доколку отседнеш на некое место и видиш дека некои имаат утеха, немој да водиш сметка за нив. Но, доколку постои сиромашен, кој нема ни леб, внимавај на него и ќе се успокоиш.”

4. АВА Пимен низ солзи го молел ава Макариј:

„Кажи ми како да се спасам?” Старецот му рекол: „Нештото што го бараш сега си исчезнало од монахот.”

5. АВА Јован раскажувал:

„Некој од старците имал видение и видел тројца монаси коишто стоеле на спротивната страна од морето. И се слушнал глас од другиот брег кој им говорел:

‘Примете ги огнените крила и дојдете при мене.’ И двајца примиле и одлетале на другиот брег, а третиот останал, плачејќи и повикувајќи.

Потоа и нему му биле дадени крилја, но слаби, a не огнени. И тој co голема мака, час паѓајќи во водата, час летајќи, стигнал на другата страна.

Слично е и co овој род: дури и ако прими крилја, тие нема да бидат огнени, туку слаби и не многу силни.”

6. ПРОРОКУВАЈЌИ за последниот род, светите отци, co недоумица меѓу себе, говореле:

„Што направивме ние?” Еден од нив, ава Исхирон (кој беше велик), одвратил:

„Ние ги исполнувавме Божјите заповеди.”

Други прашале: „Што ќе прават оние после нас?”

И старецот рекол: „Ќе стигнат до половина од нашето дело.”

Отците повторно прашале: „А што ќе прават оние после нив?”

Тој им одговорил: „Монасите од тој род воопшто нема да имаат дела. Меѓутоа, тие ќе имаат искушенија.

И оние што ќе бидат искушувани и коишто ќе победат во тоа време, ќе бидат поголеми и од нас и од нашите татковци.”

 

 

Претходна статијаНемој да велиш: „Од што ќе живеам кога ќе остарам?”
Следна статијаЧовекот не се љуби себе си, тогаш не го љуби ни другиот! (Владета Јеротиќ)