„Ние сме глуви за сѐ што е Божјо и затоа не ја слушаме небесната симфонија.
Нашиот слух ги регистрира само ниските, пригушени земни звуци: стенкањето на земјата и лелеците на нашето срце, заглушено со отровот на гревот, односно срцето што е раскинато од маките на адот, кои ги носиме во себе.
Ние не ги препознавме тајните звуци што вибрираат во таа хармонија.
За нас тие се мртов звук. Затоа и не ја слушаме небесната симфонија што се пројавува во Божјото име. Затоа изговарањето на Исусовото име не ја насладува и весели нашата глува и грешна душа.
А древниот пророк ја знаел таа тајна на молењето: тој во звучното Божјо име ја слушал небесната музика. Затоа и рекол:
„Се сетив на Бога и се израдував“.
За нас, пак, тоа спомнување е тешко… здодевно. Тоа не нѐ весели. Ние во него не ја слушаме небесната радост. Нам ни е бескрајно полесно и попријатно да се препуштиме на безмилосното лутање на умот во своето празномислие отколку да го повторуваме серадосното име.
Меѓутоа, небесното се спознава само овде. Овде се поставува почетокот на тоа познание.
Овде душата преку умното дејствување се придружува на таа небесна музика. И доколку не се припои тука, доколку не го засака тоа име овде – тогаш нема никаде.
Тогаш и во вечноста ќе го однесеме својот пекол и вечно ќе живееме во звуците на една поинаква музика, односно во музиката на плачот и вечните лелекања, каде плачот и чкрипењето со заби, и болката, ќе бидат резултат на задоцнетото бесплодно покајание.“
– старец Јован Рижиски
(Преземено од фб профил на Моника Николова)