Ветришта на Егоизмот…

„Јас не познавам Христос Грчки, Руски, Англиски, Арапски…

Христос за мене е Сè, надкосмичко Битие.

Во Светото Писмо често се кажува дека Христос умре за целиот свет, за гревовите на целиот свет.

Затоа, кога ќе ја ограничиме Личноста Христова, кога ја унижуваме до планот на националноста, ние се губиме и паѓаме во темнина.

Тогаш е отворен патот за омраза меѓу нациите, за непријателство меѓу социјалните групи…

Оној кој го љуби Христос, кој во себе го усвојува и во себе ги носи “чувствата кои биле во Христос Господ” го доживува светот како Адам, се моли за сиот Адам.

Тоа е вистинско Христијанство.

Секој од нас на ближниот му должи љубов на мајка. Не може да се сака без страдања.

Најголемата болка е да се љуби до крај“.

Преподобен Софрониј Сахаров

 

Претходна статијаНе треба пред време да бараме многу (За молитвата)
Следна статија„Ние сме глуви за сѐ што е Божјо и затоа не ја слушаме небесната симфонија“