МИЛОСТ!
Горан Величковски
ПРОСЈАЦИТЕ СЕ НАШИОТ СПАС, ТИЕ СЕ НАШАТА НАДЕЖ
Просјаци. Луѓе што немаат пари, дом. храна, тоа се незабележителни осаменици од кои некои мирисаат лошо… Ги има во секоја населба, а нивните испружени раце (само понекогаш) не’ растажуваат. He ретко просјаците се причина за дебата, па „на маса” се вадат следниве аргументи:
– зошто просат, зошто не работат, некои од нив се млади и здрави, а мрзеливи, трети се алкохоличари, четврти се луди, ама генерално сите тие се несреќни.
Тоа се светските аргументи на светскиот мозок.
Православниот пак мислите ги ткае на друг начин: секој човек е Божјо чедо, што значи дека просјакот е човек како мене и јас како него. Bo суштина – исти сме пред Бога како алфа и омега на се’ и на сите, а зошто станале просјаци тоа само Он го знае и самите тие.
Ако е така, не заслужува ли просјакот должна чест и внимание како и секој друг човек?
Bo најмала рака милостина при што „левата да не знае што прави десната”. Тоа е задача на оние што имаат да дадат бидејќи Христос ни порача:
„Блажени се милостивите, зашто тие не бидат помилувани”.
Да се биде милостив значи да се биде човек co љубов потврдена на дело, ослободена од егоизам, суровост, одмазда, човек кој знае да простува и конечно човек што дели милостина… Мудриот Сирах запишал:
“Синко, не откажувај му ја помошта на сиромавиот, не измачувај ги co долго чекање очите на неволните… He измачувај срце што е веќе огорчено, не одлагај ја милоста спрема оној што нема. He свртувај ги твоите очи од оние што просат, никому не давај повод да те колне. Зашто, во жалоста на својата душа те проколнува; Оној Кој го создал ќе ја послуша неговата молба”. (Мудр. Сир. 4,1 -6)
Bo Библијата е речено: „Кој прави добро на сиромав, заем My дава на Господа и Он ќе му плати за неговата добрина” (Изрек 9,17).
И уште: “Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев”. (Jов 12,9)
Свети Јован Златоуст не’ подучува:
“Кога ќе видиш сиромав или немоќен, немој да го одминуваш, туку помогни му и веднаш помисли си како би се чувствувал ти кога би бил на негово место”.
До каде оди милостината кај светителите говори и примерот со свети Сергеј Радонешки, коj ja делел својата храна co мечка кoja доаѓала кај него.
Милостивоста не’ доближува до Бога, ја продлабочува нашата љубов кон Hero и кон ближните, не’ освестува дека се’ на овој свет што имаме не е наше туку Негово и мора да се подели co другите.
Во Евангелието според Лука забележани се Христовите зборови:
“Кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, сакатите, куците, слепите и ќе бидеш блажен, зашто тие немаат co што да ти возвратат и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните”.
Bo Евангелието по Матеј, за Судниот ден Христос вели:
„Тогаш царот ќе им каже на оние што My ce од десната страна: елате благословени од Мојот Отец, наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот, оти гладен бев и Ми дадовте да јадам, жеден бев и Me напоивте, странец бев и Me примивте, необлечен бев и Me облековте, болен бев и Me посетивте, во затвор бев и дојдовте при Мене. …Доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.”
Следејќи ги Христовите зборови, Православната Црква одредила кои се материјалните дела на милоста: да нахраниш гладен, да напоиш жеден, да облечеш гол, да се грижиш за сиромашните, питачите, сираците, старците и немоќните, да посетиш и да утешиш болни и затвореници, да примиш туѓинци, да погребеш умрени во беда.
Дела на духовната милост се: обраќање на неверници (духовни питачи и талкачи) во верата, одвраќање на грешниот од заблудата, давање добри совети на луѓето, проштевање на тие што ке ни згрешат и невракање co зло итн.
Луѓе Божји, кога ќе видиме просјаци и сиромашни, да застанеме да подадеме, да гушнеме, да утешиме, бидејќи тие се нашиот спас, тие се нашето покајание. Нашата помош нив ќе ги израдува и ќе ги утврди во надежта кон Бога, зошто ќе почувствуваат дека не се сами на овој свет, а нивната благодарност ќе ни биде шанса за откуп од секојдневната огревовеност.
Сите ние на свој начин сме просјаци на кои им е неопходна Божјата милост. Како Тој да биде милостив кон нас, ако ние сме ладнокрвни кон неговите гладни, боси, болни чеда?
Користени се материјали од книгата “Блаженствата – Земнонебесни скалила” на проф. д-р Ратомир Грозданоски. протоѓакон
Пренесено од списанието “Премин” двоброј 83/84 септември/октомври 2012