77. Како треба да стојат верниците на светите служби и кои должности ги имаат оние што одат во црква?

Христијаните треба да стојат на светите служби на Црквата co вера, co страв Божји и co внимание. Тие се должни, според својата моќ, да се молат без расеаност на умот и co срдечно чувство. Должностите на христијаните, на оние што одат во црква, се следните:

• Редовно да одат во црква. Оној што ќе изостане подолго е отстранет од Светите Тајни, освен болните. Да бидат смирени co сите луѓе и од сите да бараат простување.

• Да оддржуваат телесна чистота најмалку два дена пред да одат во црква и најмалку еден ден откако ќе дојдат од црква.

• Да одат во црква наутро, за да имаат време мирно да направат поклони и да ja слушаат утринската служба.

• Секој христијанин да носи, според својата моќ, макар и најмал дар на Бога, како жртва од трудот на своите раце.

• Ha време да го предаде поменикот и да бара од свештеникот да се извадат честици за живите и мртвите во семејството.

• Bo црква христијаните да стојат благопријатно, мажите на десната страна, а жените на левата страна. Да бидат облечени чисто и попристојно, a жените главата да ја имаат покриено и лицето смерно.

• Откако ќе се даде благослов за почеток на Светата Литургија верниците се должни секој да стои на своето место и повеќе да не се поклонуваат на светите икони. Светата Литургија да ја слушаат co голема побожност, трудејќи се сите да ги следат молитвите и пеењата од певниците.

• Да не излегуваат од светата Црква пред завршувањето на светата Литургија, освен при голема потреба.

• Исповеданите и подготвени за света Причесна верници, благовремено да ги читаат неопходните молитви и да бараат простување од сите кога пристапуваат до Светињата.

• По светата Причест верниците се должни да ги ислушаат или да ги прочитаат молитвите на благодарност, поминувајќи го тој ден co духовна радост и пазејќи се од секакво искушение.

• Родителите се должни да ги водат и своите деца во светата Црква и да ги причестуваат co Телото и Крвта Христови.

• По завршувањето на Светите служби, христијаните co побожност да се вратат во своите куќи, поминувајќи го остатокот од денот во размислување и читање на побожни книги и посетување на болни.

• Верниците се должни да им кажат и на останатите во домот што слушнале и научиле во Светата црква од пеењето, од читањето и од искажаната проповед.

Овие се најважните должности на верниците кои во недела и за празник одат во светата Црква.

Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа