ЗА МОЛИТВАТА, СОЛЗИТЕ…
Оче Клеопа, каква е врската помеѓу стравот Божји и љубовта кон Бога?
Стравот Божји, велат светите отци, како и пророк Давид, е “почеток на мудроста”, т.е. тој го прави почетокот на севкупното добро дело;
а љубовта кон Бога претставува совршенство и завршување на добрите дела.
Значи, стравот Божји го образува почетокот на спасението, а љубовта кон Бога, “која го исфрла стравот”, е завршувањето на спасението, затоа што оној што љуби живее само во Бога, “Кој е љубов”.
Да немаме толку страв од Бога, туку љубов кон Бога, бидејќи еве што вели свети Василиј:
“Оној што прави добро дело поради страв, односно поради страв од пеколните маки, поради казна, таквиот е во положба на слуга;
оној, пак, кој прави добро дело поради награда, односно за да му се исполнат побарувањата овде на земјата и за да добие плата на небото, и таквиот е во положба на слуга, кој му служи на својот господар за плата, односно поради пари;
оној, пак, кој прави добро дело од љубов кон Бога, а не поради страв или за плата, таквиот е во положба на син Божји”.
Значи, оној што ќе достигне да прави добри дела од љубов, без друга цел,
таквиот jа достигнал мерката на совршенството и се нарекува син Божји.
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа
М.Д.