“Ако видиш сиромав додели му милостиња,
ако имаш непријател смири се со него,
на пријателот во среќа не му завидувај,
ако видиш убава жена не ја посакувај туку помини и чувај си го срцето свое.
Постат не само устата твоја, туку и очите и ушите, нозете и рацете, сите делови на твоето тело.
Рацете чувајќи се од несправедливо богатство и среброљубие.
Нозете престанувајќи да одат на безакони места.
Очите да не гледаат по убави лица и никаква (телесна) убавина.
Гледањето е храна за очите, му пречи на постот и го руши спасението на душата.
Ништо не е полошо од воздржување од јадења што се дозволени, а со очи да се прождира забранетото.
Нека пости и слухот твој да не примаме и да не слушаме озборувања, клевети, лоши зборови.
Нека пости и јазикот твој од лоши зборови и исмејувања.
Каква полза добиваме ако се воздржуваме од птици, риби и животни, а со јазик браќата ги јадеме, оти, оној што лошо зборува, го јаде братот свој.
Затоа и ап. Павле рекол:
‘Ако еден со друг се прождирате и јадете, пазете се еден од друг да не биде некој од вас истребен (Гал. 5, 15).
Во телото на ближниот ти не ги зариваш забите, но во неговата душа си запретал лош збор, си ја ранил со лош глас, си направил илјада лошотии на себе и нему и на мнозина други, затоа што, осудувајќи го ближниот, најнапред си му сторил зло на оној кој те слуша.
Ако е тој грешник ќе стане незаинтересиран за своето спасение, оти нашол соработник во гревот, ако е праведник ќе падне во гордост, ќе се погордее над туѓиот грев и ќе добие поттик да мисли високо за себе.
Свети Јован Златоуст