Свети Антониј Велики ЗА ГОДИНИТЕ НА ЗЕМЈАТА
„…А на тоа дека не треба да бидеме малодушни, нè поучуваат и зборовите на апостолот кога вели:
‘Секој ден умирам’ (1 Кор. 15, 31).
Зашто ние нема да грешиме ако живееме како оние што умираат секој ден.
Смислата на тие зборови е во следново:
Секој ден кога се разбудуваме да помислуваме дека нема да преживееме до вечерта, и навечер, кога легнуваме да спиеме – да помислуваме дека нема да се разбудиме.
Бидејќи, според природата на нештата, должината на нашиот живот не ни е позната, ниту се знае колкава мера секојдневно ни остава промислата.
Ако секојдневно живееме со ова расположение
ниту ќе грешиме, ниту ќе похотствуваме,
ниту ќе се гневиме, ниту ќе собираме богатства на земјата.
Секојдневно очекувајќи ја смртта ќе стекнеме сиромаштвољубие и на сите сè ќе им простуваме. ..“!