МЛАДИОТ АРИЉА

Во овие тешки времиња, кога едноставно сме турнати во животот, без одговор на некои суштински прашања:

Кои сме? Каде сме? Каде одиме? Што е вредно?

На кои и не сме можеле да добиеме одговори од родителите или околината, затоа што тие или пораснале во несреќното време на комунизмот, кога ги научиле дека се само прости животни.

Нема човек на земјата што не си ги поставил тие прашања и секако, сите на свој начин ги барале одговорите.

Препуштени сами на себе, многумина од нас заскитале, наоѓајќи нешто што личи на вистина, на радост и бидејќи ништо подобро од тоа не сме нашле, сме допуштале ѓаволот да нè мами со таа лажна виситина и да нè носи кон својата воља.

Тие лажни вистини ги среќаваме на секој чекор: алкохол, дрога, музика, секс, секти, мистика, хороскоп… Но, зад таа заводлива магла се крие страотна бездна на зло, несреќа, пропаст.

И кога на крајот ќе се запрашаме дали постои пат, вистина и живот или сме препуштени на случајот, ајде да се запрашаме дали постоел еден ден во животот, а да не сме ја виделе Црквата ариљска.

Сме ја виделе со очите, но не и со срцето и сме јуреле по нешто што ни било поинтересно и попривлечно, а нè привлекувало во пропаст.

А Црквата мирно стоела и чекала да пробаме сè друго, за да се сетиме на неа.

Зашто, Главата Нејзина е Господ ИСУС ХРИСТОС, кој ни кажа:

„Јас сум Патот, Вистината и Животот“, а ние се прашуваме каде е Он.

Он е секогаш на вратата на нашето срце, а таа врата се отвора со љубов, зашто Он е Љубов.

Он е таа Полнота која ни недостигала, без оглед колку ни е убаво и макар колку ни се чинело дека сме среќни.

Преведе: М. Даниловска

 

Извор: ”Светосавско звонце” бр. 7/2017.

 

 

Претходна статијаТаа е врв и совршенство на се` свето!
Следна статијаПРОСЈАКОТ КОЈ ГО МРАЗЕЛ БОГ „Не го поднесувам Божјото име“, рекол питачот.“ „Го мразам.“