Тивко моли се за сите!
За целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес поминува низ криза. Биди вистински христијанин!
Тогаш нема никого да го сфатиш погрешно, туку твојата љубов ќе порие сѐ.
Како што Христос стои пред вратата и тропа, но не ја отвора со сила, туку чека човековата душа самата слободно да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја човечка душа.
Зборовите ги надразнуваат ушите, а често ги нервираат и луѓето. Напротив, одекнуваат молитвата и животот. Животот вознесува, препородува и преобразува, додека зборовите остануваат бесплодни.
Најдобро мисионерската работа се остварува преку нашиот пример, љубовта и благоста. Љубовта е над сѐ. Она што треба да ја окупира нашата душа, деца мои, е. љубовта кон другиот човек, односно неговата душа.
Што и да правиме – молитва, совет, опомена – сето тоа треба да го правиме со љубов. Без љубовта од молитвата нема полза; советот навредува, опомената е штетна и го упропастува другиот, кој чувствува дали го љубиме или не, и реагира на соодветниот начин. Љубов, љубов, љубов!
Љубовта кон нашиот брат нѐ подготвува уште повеќе да Го возљубиме Христос.
Преподобен Порфириј