ДВАНАЕСЕТ СТЕПЕНИ HA ГРЕВОТ
Од времето кога ќе се создаде во умот на човека, па се’ дури не го одведе човека во самоубиство, до смрт, гревот има дванаесет степени.
Бог му дал на човекот многу сила за да не згреши! Самостојни сили. Човекот има толку многу сила, која Бог ja ставил во него, така што ако дојдат сите ѓаволи од пеколот, не би можеле да го поттикнат да згреши.
Зар не читате во Псалтирот:
Господи, го благословуваш праведникот и co оружјето на милоста Своја го закрилуваш (Псал. 5,12)? И повторно во Светото Писмо се вели: Во почетокот Он го создаде човекот и го препушти на неговата слободна волја (Мудр. Сир. 15,14).
Ќе ви раскажам како гревот го обзема човека од најниските степени и го води во самоубиство, ако човекот не посвети внимание уште од почетокот да го запре гревот.
Што е гревот?
Според сведоштвото на Светото Писмо, гревот е престапување на законот Божји или бодило на смртта, и претставува гнасотија пред Бога, бидејќи е дејство на ѓаволот.
Bo Светото Писмо гревот се нарекува “мравка-лав”. Силниот лав загинува кога нема плен (Jов 4, 11). Затоа што гревот во почетокот е како мравка, т.е. помисла; подоцна, ако не го убиеме co спотивставување, исповед и молитва, ќе стане силен како лавот.
Свети Ефрем Сирин вели дека гревот е зол ѓавол кој, прикрадувајќи ce, полека – полека ја завладеа нашата душа. И за да можеме да се спасиме од тој ѓавол и да го запреме гревот да не навлезе во нашиот ум и срце, треба да имаме голема трезвеност на умот, која, пак, се раѓа од стравот Божји, како што вели свети Максим Исповедник:
“Оној што верува се плаши. А тој што се плаши, се отрезнува”.
Првиот степен од гревот е кога некој не ќе сака да прави добро дело.
Бог му дава на човека сили за да прави различни добри дела, а тој, ако не сака да прави добри дела, прави гревови.
Вториот степен од гревот е кога некој прави добро, но co лоша цел.
Свети Јован Дамаскин вели вака: “Доброто не е добро, ако не се прави на добар начин”.
Да речеме, да ви дадам еден пример: Некој пости и не јаде, но озборува и љубомори некому. Каква корист од телесниот пост, ако не е соединет co него и душевниот пост?
Или пак, дава милостина, но од украден имот. Или пак, прави добро дело, но се гордее, го измешува co празнославие, co гордост. И повторно ѓаволот му ја погубува платата. Значи, прави добро дело, но тоа не е добро, бидејќи е измешано co злото.
Или пак, прави добро дело co зла цел. Доброто дело правено co зла цел преоѓа на страната на целта, па ако целта е зла, тогаш и доброто дело станува зло. Ако, пак, целта е добра, тогаш и доброто дело останува цврсто и добро.
Исто така, кога некој прави милостиво дело co цел луѓето да го пофалуваат или делотвори молитва или пости или некое друго добро дело кое не е насочено кон славата Божја, туку кон некоја друга световна цел, тоа добро дело е без душа. Тоа е мртво. Доброто дело има и тело и душа. Телото на доброто дело е неговото дејство, а неговата душа или живот е целта, ако целта е добра и праведна.
Bo вториот степен на гревот припаѓа и делотворењето на добро дело co недостаток.
Кога некој прави добро дело, но не го прави совршено, туку co недостаток. Сите добри дела треба да се прават совршено и целосно, не делумно. Кога доброто дело е правено co недостаток и не совршено, тогаш се наоѓаме на вториот степен од гревот.
Ќе ви дадам еден пример.
Кога некој My ce моли на Бога, но не co умот и срцето, туку само co устата и усните, расфрлајќи се co умот пo нештата од овој век: или мисли на некој панаѓур или на она што му е останато да го одработи или се присетува дека не им дал на животните храна или нешто друго, таквиот е на вториот степен од гревот.
Третиот степен од гревот е надоаѓањето на зли помисли.
Односно кога во умот доаѓа мамка на зла мисла. На човека му доаѓа блудна мисла или мисла на гнев или убиство или гордост или празнославие или лукавство или завист или омраза или освета или на кpaj, секоја страсна и зла мисла, кога надоаѓа на човека во умот, тоа е третиот степен од гревот.
Четвртиот степен од гревот е согласувањето или соединувањето. Тоа е кога ќе го соединиме својот ум co страсните мисли, кои сега ги споменав или co било која друга грешна мисла. Гревот доаѓа најнапред едноставно во нашиот ум. Секоја страсна помисла, на пример: жена, пари,слава, не би била грев. Тоа е мамка на едноставна помисла на грев.
Но кога почнуваме да мислиме на жена и почнуваме да се соединуваме co мислата и донекаде co страст и co парите и co славата и co било што, тогаш преминуваме co умот на четвртиот степен од гревот.
Се соединуваме co умот co зла мисла на гревот. Овој степен уште се нарекува и согласување. Односно кога умот се согласува да разговара co злото и страсната мисла.
Петтиот степен на гревот е борбата.
Почнувајќи оттука борбата се води на сите степени на гревот. Борба е кога човекот се согласува co умот да разговара co гревот, co страсната мисла, мислата на гревот и веднаш е проникнат co страв Божји, започнува да се бори да ja исфрли од умот. Се гледа дека не е добра.
My доаѓа мисла на омраза, блуд, мисла за освета, горделива мисла, кренатост и завист или омраза или злоба и веднаш, гледајќи дека не е добра, почнува да се бори да ја исфрли од умот.
Ha овој степен се судираат во борба три ума: ѓаволскиот ум, човечкиот ум и умот на ангелските сили.
Ѓаволите го влечат нашиот ум кон злото, кон гревот; светите сили или ангелите, пак, кон добрите мисли, а човековиот ум стои во средината и доброволно се доближува кон доброто или злото. За тоа време, додека нашиот ум се бори, примајќи зли мисли од ѓаволот или добри од ангелите, оваа борба во човековиот ум е достојна или за венец или за вечна казна.
По овој степен се преминува на шестиот степен од гревот, кој е придобивањето. Ако по оваа борба доброволно попушти да се придобие на страсната мисла, мислата на гревот, тогаш преминува на шестиот степен од гревот и преминува доброволно од придобивањето на фантазија и започнува да ги вообразува.
Седмиот степен од гревот е гревот co умот.
Откако човекот ja примил страсната мисла, тој почнува да се насладува co мислата. Од мислата човекот почнува да го замислува гревот, па го замислува лицето на жената која страсно ja љубел или кога некогаш имал страст кон неа или го замислува лицето на оној кого го мрази.
Зар некогаш не ти се случило кога стоиш на молитва, и за некој кој те мрази стануваш лут кон него, како да се караш co него? Како, божем, да ќе му речеш нешто, ако би бил тука присутен. Сега, пак, умот е во борба на седмиот степен.
Ѓаволите го земаат ликот на оној што не’ мрази или не’ карал или ни направил некакво зло и разбудуваат сеќавање на злото што ни го направил и го следат памтењето на злото co фантазијата и силно војуваат против душата: или преку ликот кој го љубел co страст или преку оној кого го мразел или тебе те мразел и ти правел неприлики.
Или преку парите, ако ги љубиш.
Ти претставува кутија co многу пари, многу облека, празна слава, многу волови, многу овци, многу коњи, многу имот итн. Ѓаволот е нарекуван “стар сликар”. Тој умее да наслика многу повеќе отколку што можеш самиот. Штом ќе му дозволиш, слика и жени и луѓе и панаѓури, се’ што сакаш.
Кога ќе видиш дека тоа ти доаѓа преку фантазијата, тогаш започнува да војува на тебе co идолите на гревот.
Еве што вели света Синклитикија:
“Идолите ми се јавија и јас се спротивставив”. Сите гревови на седмиот степен стануваат идоли. Тие се замислуваат. На таблата на царот ум, во фантазијата, се појавуваат: жени, луѓе кои не’ мразат, пари, сметки. И душата на седмиот степен греши co умот и замислува.
Зар тоа нам не ни се случува? Кому тоа не му се случило и не му се случува постојано секој миг?
Мене, грешниот, тоа ми се случува, дали можеби вие сте ослободени? Кој не замислува грев co умот? И мислиш дека е лесен гревот co умот! Немојте да мислите дека е лесен!
Слушнете што вели свети Ефрем Сирин:
“Браќа мои, немојте да ме фрлате во негрижа поради умствениот грев”. Ако гревот co умот не бил тежок, не ќе беше потребно праведниот Jов, 1850 години пред доаѓањето на Господа, да принесува за жртва по еден вол секоја вечер.
Зошто? Бидејќи имал седум синови и три ќерки, и тие биле млади. И Jов многу се плашел од Бога, за неговите деца да не згрешат co мисла и принесувал жртви за исчистување, да ги исчисти децата од мисловен грев. Тој не грешел co мисла и живеел пред Стариот закон, бидејќи бил пред Мојсеја. Пред пишаниот закон и Законот на благодатта гревот co мисла се исчистувал co жртви.
Ако гревот co мисла не е тежок, вели свети Ефрем, тогаш Христос, Словото и мудроста Божја, не ќе ја сметаше похота за жена прељуба и омраза кон братот – убиство.
Што вели? Секој што ќе погледне на жена co желба, тој веќе извршил прељуба co неа во срцето свое (Мат. 5,28). Ете невидлива прељуба! Само co мисла. Секој што го мрази братот свој е човекоубиец (1. Jов. 3,15).
Колку милиони пати ние сме убиле во својот живот? Колку милиони убиства сме направиле?
Онолку пати колку што сме го мразеле братот.
Колку милиони пати сме направиле прељуба? Колку пати co страст сме погледнале во некоја жена или дури и не гледајќи, сме ja замислувале во својот ум и сме се прилепиле до гревовната помисла, толку пати сме биле прељубодејци co срцето кон Бога.
Ете зошто е потребно горко каење! Страшно!
А човекот, пак, престојува во ужасен грев, како jac грешникот, во нечувствувањето. Поради нечувствителноста ми се чини дека не бев толку грешен. Та не блудничев денес, не крадев денес!
Колку пати правевме прељуба co умот и го мразевме нашиот брат, толку пати бевме прељубодејци и убијци. И тоа го востановува Бог Словото.
Впрочем, ете, бидејќи зборуваме за седмиот степен од гревот, преку мислата ние сме илјадници пати прељубодејци и убијци. Бидејќи co мислата правиме прељуба и преку мислата го мразиме братот.
Така стануваме и убијци и прељубодејци, а потоа, пак, уште ни се чини дека сме монаси. Ние не сме монаси, туку страшила за стоење во пченка, бидејќи имаме долги облеки. Тоа сме ние кога не ja чуваме мислата! Но ѓаволите ни се смеат, бидејќи гледаат дека co нас нема живот и живеење, туку само привид. Надворешниот привид не ни помага!
Значи, на седмиот степен човекот греши co умот преку фантазијата, откако преку мислата се прилепил на шестиот степен.
Осмиот степен од гревот е гревот co дејствување.
Осмиот степен е потежок. Дури на осмиот степен човекот стапува во грев co дело.
Некого кого го напаѓа духот на блудот, или осветата или среброљубието или славољубието или гордоста, бидејќи сите страдаме од тоа и во секој миг, се бори до овој степен co мислата.
Зошто светите отци учат: “Чување на умот, стражарење на умот! Трезвеност, отстранување на умот од гревот”?
Бидејќи тоа е исто. Или ќе речеш надгледување на умот или бдеење над умот или трезвеност на вниманието, тоа е исто. Како што би рекол: леб, пресечено лепче, парче леб, трошка леб, бидејќи тоа е исто.
Bo ова дејство на чување на умот лежи специфичното делотворење за монасите. Поради тоа свети Исихиј Синаит вели во “Добротољубие”:
“Никој кој нема стражарење на умот не ќе избега од тартарските војсководци во време на смртта и во време кога ќе поминува низ митарствата”.
Зошто? Ако не го чувал умот, тогаш целиот живот бил невидлив прељубодеец и убиец и среброљубец и славољубец и горделивец, но самиот, пак, не знаел. Тој лежи во длабочина на гревовите и не ги чувствува, поради нечувствителноста.
Значи, на осмиот степен, човекот кој дотогаш се борел, преоѓа на гревот co дело.
Досега тој се борел co фантазии, co замислувања на гревот и отсега па натаму или паѓа во грев co жената или го мрази својот брат и почнува да го тепа или се гордее или завидува или се осветува или започнува да се тужи на суд или започнува co крадење или пушење. Сите гревови поминуваат по истите степени и се’ што е зло во човекот преминува во грев co дејствување, a тоа е осмиот степен.
Значи, дури не стигне на седмиот степен на гревот, тој се бори невидливо, а отсега преминува на видливиот грев co дејствување. На осмиот степен од гревот човекот попушта и почнува co телото и co сето во себе да го прави гревот co дело.
Деветтиот степен на гревот е вообичаеноста на гревот.
Добриот духовник при исповедта знае на кој степен е грешникот. Ако оној што се исповеда го прашаш вака:
“Старче, или тетко, или сестро, зошто пушиш?”.
“Оче, тоа е вообичаено кај мене”, тој веднаш ти кажува дека е на деветтиот степен.
Бидејќи тој не паднал еднаш во животот. Тој вели дека цигарата е обичај за него и дека табакерата ja чува многу близу до себе.
“Зошто пиеш, старче?”
“Па, тоа е обичај кај мене, оче, чашката, ракијата, виното!”
Зошто кажуваш лага?”
“Оче, тоа е вообичаено!”
“3ошто го правиш тој телесен грев?” “Вообичаено!” “Зошто крадеш?”
“Оче, тоа е обичај кај мене!”
Значи, според овие одговори познаваш на кој степен се наоѓа, односно на деветтиот степен. Отсега тоа се потешките степени. Деветтиот степен е вообичаеност на гревот.
Десеттиот степен на гревот е навикнување на гревот, но тоа не е обичај. На деветтиот степен човекот прави грев понекогаш, по обичај, но на десеттиот степен постојано го прави: тој навикнува да греши.
Десеттиот степен од гревот е најопасен, бидејќи гревот станува втора природа. Сакал или не, човекот брза во меана и кон чашката.
“Море, остави го пијанството и пушењето, та гледај, болен си! Одиш во пеколот, го губиш и умот, и телото, и здравјето! Се’ ќе изгубиш, ако продолжиш да пиеш! И лекарот ти кажал, ти кажува и духовникот!”
“He, господине, навикнав. Јас, ако не испијам чашка вино или ракија, повеке не би можел да живеам!”
Самиот ти кажува на кој степен се наоѓа. “Навикнав и поинаку не можам!” Или сакал не сакал лаже или сакал не сакал блудничи или сакал не сакал краде или сакал не сакал пие или сакал не сакал се тепа. Зошто? Гревот од обичај преминува во навика. Тој се навикнува.
Ha десеттиот степен гревот станува втора природа. Тој станува речиси нешто природно кај човекот. И за да успееш од овие степени да обратиш некој човек на покајание потребна ти е многу поголема борба. На седмиот, осмиот степен ако еднаш паднал, лесно е да се обрати. На деветтиот степен е потешко, бидејќи почнува да го вообичајува. На десеттиот степен е многу потешко да се обрати.
Навикнува и се’ дури не го направи гревот не се смирува. За ваквиот човек, како што вели великиот апостол Павле, важи следното: Оној што прави грев, роб е на гревот (споредете co Јован 8, 34). Гревот го заробува и го води кон правење на гревот, независно од тоа дали сака или не.
Навикнувањето на гревот, па кој и да е, е многу опасно, кога ќе го достигне десеттиот степен. Или среброљубието или блудот или лагата или лицемерието или празнославието или пијанството, па што и да е.
Единаесеттиот степен од гревот е очајувањето.
Овој степен е уште поопасен. Што вели човек на единаесеттиот степен, кога гледа дека повеќе не може да се воздржи од пијанство или од жени или од телесни гревови или од пцости или од крадење или од пушење или од други зла и паѓа во очајување, затоа што не може да се воздржи?
“Бог повеќе не ќе ми прости, кога јас не можам да се воздржам од гревот!”
Тука е најголема опасноста. Бидејќи се вели:
“Ништо повеќе и посилно од очајувањето!” Затоа на духовникот му се вели: “Внимавај, о ловецу на душите, духовнику, да се трудиш од овие три степени што посилно да ги обратуваш душите од вообичаеното, од навиката и од очајувањето”.
Очајувањето е блиско до смртта.
Човекот паѓа во очајување и вели: “Бог повеќе не ќе ми прости, кога јас повеќе не ќе можам да се воздржам од гревот!” Гледа дека сакал или не паѓа во грев и во очајување.
Свети Ефрем Сирин вели: “О сатанско зло, кога го виде човекот навикнат на гревот, отсега co меч co две острици војува!” За да го отсече од надевањето во Бога.
Toj co меч co две острици ја пресекува надежта за спасение. “Човеку, Бог повеќе не ќе ти прости! Зар не гледаш дека повеќе не можеш да ги оставиш цигарите или жените или пцостите или пијанството или блудот или крадењето или лагата или злобата или зависта или лукавството или злопамтењето или желбата за освета, зар не гледаш дека тоа не можеш повеќе да го оставиш, Бог повеќе нема да ти прости!”
Тој удира co двосечлив меч на очајувањето, кој, пак, е најтежок грев, односно губење надеж на милоста Божја, што е грев против Светиот Дух. Тоа се случува на единаесеттиот степен од гревот.
Дванаесеттиот степен од гревот е самоубиството.
Ha дванаесеттиот степен се случува она што се случи co Јуда и co Каин. Кога падна во очајување, Каин рече:
Казната моја е толку голема, што не може да се носи. Наместо да баpa простување од Бога, тој почнува да се препира: Каде е братот твој, Авел? А тој одговори: ‘He знам; зар сум јас чувар на братот мој?’ (1. Мој. 4, 9). Наместо да рече: “Господи, згрешив!”, тој почнува да се препира.
И што направи Јуда, кога дојде до дванаесеттиот степен? “Тогаш Јуда, што Го предаде, кога виде дека Он е осуден”, бидејќи го гризела совеста, паднал во очајување и како ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси (Мат. 27,3-5).
Злобниот човек, ако постојано престојува во гревови, по одредено време преголемото зло го одведува во самоубиство, за да го одзеде својот живот, бидејќи повеќе не може да ja поднесува грижата на совеста.
Тука е она за што вели пророкот Давид: Co укор го казни човекот поради беззаконијата и како пајак ја втенчи неговата душа. Пајакот го покажува очајувањето.
Ha единаесеттиот степен тој има уште толку надеж, колку и пајажината. Само малку надеж. Уште, пак, ако дојде сатанскиот двосечлив меч и ја пресече и таа, тогаш тој бега и се обесува или се удавува и тоа Бог не ќе му го прости.
Значи, дванаесеттиот степен е самоубиството. Тоа е она што го кажува апостол Павле: Платата, што ја дава гревор, е смрт (Рим. 6, 23).
Пренесено од книгата “Голем е Бог” на Старец Клеопа
„Дванаесет степени на гревот“
Подготви М.Д.