Велиме дека молитвата е обраќање кон одредена личност. Следствено на тоа, за да постои молитва, треба да постои и оваа личност. За да можам да речам дека се молам, за мене треба да постои лично присуство на таа личност.

За да можам да го освојам нејзиното присуство и нејзиното постоење. Христос, во ce’ постоечко постоејќи, насекаде присутен, за мене е присутен во мојот живот, преку моето учествување во богослужењето и најмногу преку моето учество во Светата Причест.

Учествувајќи во богослужбениот живот на нашата Црква, јас се поврзувам co Христа и станувам член на Телото Христово, а кога сум веќе член, за да бидам жив дел од Телото Христово, треба да учествувам во својствата Христови, така што доаѓа до проземање и размена на својствата, како што тоа се случило и во двете природи на Христа. Тоа се остварува co Светата Причест, правејќи ме соучесник (причесник) во својствата на мојата Глава (Христос), co Кого сум се соединил.

Така, богослужењето и Светото причестување се неразделно соединети. И кој е нивниот учинок? Го прават присутен Господ и Го прават Бога жив за мене.

Значи, уште што остана? Ми остана да заборувам за Hero, да My ce обратам Нему кој тргнал кон мене. Ако Тој ми се дава преку богослужбата, јас преку молитвата му се давам Нему, се’ додека не се случи нашето потполно соединување.

Сега, ова мое движење се случува по непрестаен мистичен пат, и се случува, првенствено и суштински, како што ви реков, преку молитвата.

Она што се случува во одредено време во Црквата, во текот на Вечерната или на Литургијата, на Светата Евхаристија, се продолжува co молитвата, и не можам да кажам дека ќе одам во Црква, ако не сум се молел.

Излишно е да одам во Црква и не е потребно да одам на Литургија и бескорисно да се причестувам, ако не се молам постојано. Исто така, излишно и беспредметно е да се молам ако не земам учество во ова за што сега говоревме.

Меѓутоа, се претпоставува дека и молитвата има свој, сосема посебен простор, мистички простор, во којшто се негува. Како кога некој за да посади цвет копа земја, става ѓубриво и вода, за да из’рти коренот, па ако не стави одредено вештачко ѓубриво, и ако и земјата не се погоди, ако е на пример песоклива, напразно го сади коренот.

Молитвата исто така е бесплодна и нема да успее да се искачи ни над нашата глава, а камоли да достигне до над облаците и над небесата, ако го нема својот мистички простор, својата мистичка храна, која е како што рековме – бдеењето, проучувањето и постот.

Следствено на тоа, залудно се молам, ако не бдеам; не тогаш кога во манастирот имаме бдение – тоа е нешто посебно и причините му се други, а не овие за кои сега зборуваме. Ова бдение има врска co богослужењето, a не co молитвата.

Ако не бдеам, ако не постам, непрестајно ако не изучувам – ова претставува потполно посебен простор на молитвата – залудно се молам. Така, бидејќи го расчистивме ова, веќе можеме да ja пренесеме нашата светилка на молитвата на она што ни го окупира вниманието, за да можеме подоцна да продолжиме понатаму.

Пренесено СТАРЕЦ ЕМИЛИЈАН симонопетритски

`jас спијам, а срцето мое е будно`

 

Претходна статијаКОЈ ЌЕ СЕ УБИЕ СЕБЕСИ УБИВА ЧОВЕК (Блажениот Августин Хипонски)
Следна статијаМОЛИТВАТА Е ОДЕЊЕ КАЈ БОГА! (Се борам co Бога. Тоа е сосема јасно…!)