МИЛОСРДИЕТО….
„Како што разгорениот оган го гасне вода, така милосрдието ги ублажува гревовите; Милосрдието останува во веки.“
Милосрдието кое произлегува од неправда не е милосрдие, туку суровост и нечовечност, зашто каква корист има ако некого го соблечеш за да го облечеш другиот?
Почеток на милосрдието треба да биде сострадувањето. А Господ ни ги налага овие дела на милосрдие: – да ги храниме гладните – да ги напоиме жедните – да ги облечеме необлечените – да примаме тугинци – да посетуваме болни – да ги тешиме несреќните – да им помагаме на затворениците.
Во дела на милосрдие се вбројуваат и делата кои се творат заради духовно и морално образование и преуспевање на ближниот. Милосрдието покрива мноштво гревови. Тоа избавува од смртта.
Сирах Премудриот