СЕ РАЗБУДИ ЛИ?
Се` се преоблече
кога Тој се јави!
И окото на слепиот и славата на мудриот
и богатството во сиромашниот
и господарот во слугата
и немилосрдието во дарителот
и болеста во здравиот
и земјата во Небото
и мракот во Светлината
и коровот во Словото,
страстите во измиениот,
непокајанието во покајникот
и грозјето во виното,
а виното во Него…
Се разбуди ли…?
Се преоблече ли во Него, душо испустена,
прогледа ли око затворено,
се преуми ли срце заблудено,
да не само од другите слушаш – покајте се,
а сама да не видиш дека –
Бог се јави!
М. Даниловска