Евангелие и поука за 21/06/2018

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 11:27-30

27. Сe ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

28. Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;

29. земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши;

30. зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”

 

АПОСТОЛ НА ДЕНОТ:

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 11:13-24

13. Вам, на незнабошците, ви велам: до колку сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам својата служба,

14. та некако да возбудам ревност во својот род по плот, и некого од нив да спасам.

15. Зашто, ако нивното отфрлање е спасение за светот, тоа какво ли ќе биде нивното примање, ако не воскресение од мртвите?

16. Кога е квасот свет, тогаш свето е и тестото: и ако е коренот свет, свети се и гранките.

17. Ако, пак, некои од гранките се отцепиле, а ти, бидејќи дива маслинка, си се накалемил на нивното место и си станал соучесник на коренот и на маслиновиот сок,

18. затоа не фали се пред гранките. Ако, пак, се фалиш, знај дека ти не го држиш коренот, туку коренот – тебе.

19. Но ќе речеш: се отцепија гранките, за да се прикалемам јас.

20. Добро. Тие преку неверие се отцепија, а ти преку вера се држиш: не мисли за себе високо, туку имај страв.

21. Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, гледај та и тебе да не те поштеди.

22. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако останеш во благоста; инаку, ти ќе бидеш отсечен.

23. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, оти Бог е моќен пак да ги прикалеми.

24. Зашто, ако си ти отсечен од природна дива маслинка, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тоа тогаш колку полесно оние, природните, ќе бидат прикалемени на својата маслинка.

 

ПОУКА НА ДЕНОТ: Старец Ефрем Филотејски

Делото на Исусовата молитва не трае два или три дена, туку цел еден долг временски период и многу години“, забележува Свети Јован Златоуст, бидејќи потребни се многу борба и време за да се истера ѓаволот и Христос да го заземе Своето престојувалиште.

Значи, посветете се на молитвата и чекајте додека Господ Бог не ве помилува.

Не барајте ништо, освен милоста на Господ на славата и барајте ја смирено и со скрушено срце.

Плачете од утрото до вечерта, а ако е можно и во текот на ноќта:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме!“

Сe` до својата смрт присилувајте го умот на ова дело!

 

Претходна статијаСо надеж да чекаме пред затворената градска капија…!
Следна статијаЧУДОТВОРНИ ИСЦЕЛЕНИЈА – СВЕТИ НИФОНТ