Дозволено ли е да посакуваш туѓо…
“Не посакувај туѓ брачен другар” е една од Божјите заповеди кои стојат во Светото Евангелие. Тоа подразбира дека на туѓиот брачен партнер или партнерка смееме да гледаме само како на брат или сестра со потполно отсуство на било каква страст и блудна помисла или желба.
Многу голем грев е и самата помисла на туѓиот сопружник, а за спроведувањето на таа помисла и да не зборуваме.
Господ многу јасно кажал за да може секој да разбере “ДА ПОСАКАШ ТУЃО Е ГОЛЕМ ГРЕВ, ДА ЗЕМЕШ ТУЃО КАЗНАТА Е ОГРОМНА.
ОНА ШТО БОГ ГО СПОИЛ НЕ СМЕЕ НИКАКО ДА СЕ РАЗДВОИ”.
Кога ќе дојде до црковен брак тоа е Божја промисла. Таа личност нам ни се допаднала и ние сме ја засакале, но таа личност самиот Бог ни ја испратил за низ брачниот крст со неа да се спасуваме.
Така што, колку и да ни е тежок бракот, ние не смееме да се раздвоиме и да ја напуштиме Светата Заедница, оти Господ има свој план со нас…
Колку и да е тежок нашиот сопружник, нашиот брак, со него не е наша одлука туку Божја волја, па така да се спасиме низ трпението. Доколку сме ние виновни за лошиот брак тогаш мора да му се посветиме на Бога, на молитва, исповед и причест, но доколку нашиот сопружник е оној кој ги создава несогласувањата во бракот НЕ СМЕЕМЕ НИКАКО да го напуштиме и да се разведуваме туку да се молиме за него и да бараме од Господ и од Пресвета Богородица да му ги отворат очите и да ја спознае љубовта и важноста на бракот.
Постојат само две причини кои ни допуштаат прекин на Светата Тајна Брак, а тоа се:
НЕВЕРСТВО НА БРАЧНИОТ ПАРТНЕР И СМРТ НА БРАЧНИОТ ПАРТНЕР!
Во случај на прекин на Светата Тајна Брак постојат само две опции во очите Господови, а тоа е МОНАШТВО И БЕЛОМОНАШТВО!
Единствено во случај на смрт на едниот сопружник дозволено е под строго допуштање повторно да се стапи во брак, но подобро е тоа да се избегне.
Бог признава само една Света Тајна Брак и на страшниот суд покрај еден маж не може да стојат две жени или покрај една жена не можат да стојат двајца мажи.
Важно е што кажува Господ, а не луѓето…така што Господ не дозволува два, три или повеќе бракови.
Ѓаволот прво ги напаѓа семејствата и пробува таму да внесе немир и раздор и ако успее на тој начин пропаѓаат душите на сопружниците, на оној кој посакал туѓ брачен партнер и децата на тие сопружници. Најголема неправда од уништената Света Тајна Брак чувствуваат децата на тоа семејство.
Доколку ти се допадне или поскаш туѓ маж или жена веднаш во корен сечи ја таа желба и моли се Бог да ти даде сила да се излечиш од тие валкани помисли.
Многу е опасно за душата и за понатамошниот напредок твој и на твоите деца ако стапите во контакт и однос со женет човек или мажена жена. Таковиот грев главно паѓа на плеќите на твоите деца.
Господ му дал на тој човек жена за да се спасува со неа и обратно и не смееш да го посакаш и да го оддвоиш од Светата Тајна Брак. Тогаш ѓаволот управува со тебе оти ни еден ангел нема да ти ги отвори очите и срцето кон женет човек или мажена жена.
Затоа со првото сознание на таквите чувства кон женет човек или мажена жена веднаш барај помош низ молитва кај својот духовник, таа желба исповедај ја, испости се, горко низ солзи покај се, причести се и дистанцирај ја од себе таа личност кон која те води ѓаволот.
Многу е полесно да се покае гревот на помисли отколку да се очистите од веќе сторениот грев.
Преподобен Отец Тадеј Витовнички
Извор: Православен Источник
https://www.facebook.com/groups/pravoslavenistocnikgevgelija/permalink/823315651200572/