Прашање 26.

Ако Бог знаел се’, пред да создал, тогаш дали однапред определил се’ така доброто и злото да не можат да бидат инаку, туку само така, како што е?

Одговор:

Бог знаел се’ пред создавањето на светот, но однапред определил само добро (како што говори свети Дамаскин, Богосл. кн. II, гл. 30), зашто однапред да се определува зло е противно на благоста Божја.

За зло треба да се смета само гревот. Оти, всушност, во светот не постои никакво зло освен гревот, кој е престапување на божествениот закон и на волјата Божја (Дамаскин, во трактатот за двете волји во Христа).

A се’ друго co што Бог не казнува за нашите гревови, како: чума, војни, болести и слично, — се наречува зло по однос на нас (Василиј Велики, Бес. 9., за тоа дека Бог не е причина на злото), бидејќи ни донесуваат жалости и страданија, од кои се одвраќаме.

Во однос, пак, на Бога, тие не се зло, зашто имаат сила на добро. Оти. Бог не’ казнува со нив, кон добро не’ побудува.

И кога Светото Писмо вели: дали има зло во градот, кое Господ не го створил (Амос. 3, 6)? овде зло се наречува праведната казна Божја.

Освен тоа, Бог, по Својата премудрост и правосудство, однапред го определува само тоа, што не е во нашата власт. Оние пак добрини што се во нашата власт, Он ги предвидува, така што и Самиот, по Своето благоволение, и’ помага на нашата волја, a тоа не ja поништува суштината на слободната волја.

Прашање 27. Што е тоа слободна волја?

Одговор. Слободната волја човекова е неприсилено и независно сакање, кое произлегува од разумот или од разумната душа, да се чини добро или зло.

Зашто, разумните творби треба да имаат самовластна природа и да делуваат слободно, под раководство на разумот. Овој разум, додека човекот бил во невина состојба, тоест, пред да згреши, бил неповреден во своето совршенство; меѓутоа, гревот го повредил.

А волјата, иако останала неповредена co oглед на сакање добро или зло, сепак, постанала кај едни расположена и наклонета повеќе кон злото, a кај други пак кон доброто.

За ова Василиј Велики вака зборува: „по својата желба и волја секој може да биде или свето семе или спротивно на тоа. Слушај што говори Павле:

Јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелие (I Кор. 4Д5); и оние зборови” што вели Јован (1,12): на тие што Го примија им даде власт да бидат чеда Божји”.

Овој свет учител покажува дека макар што ce извалкала човековата волја co прародителскиот грев, сепак, уште и сега, од волјата на секој зависи да биде добар и чедо Божјо, или зол и син на ѓаволот.

Се` ова зависи од изборот и од власта на човекот, но така, кон доброто благодатта Божја го движи човекот, а од злото го одвраќа, не вршејќи насилство врз неговата слободна волја.

Пренесено од книгата “Православно исповедание на верата на Соборната и Апостолска Источна Црква”

 

Претходна статијаДАЛЕКУ СМЕ НИЕ ОД ТОА…!
Следна статијаПонатаму, кој ќе седне во новиот, трет храм? (Јуриј Воробјовски)