4. Чеда мои, ве молам заради љубовта Божја, ни за миг да не го прекинувате изговарањето на молитвата Христова.

Вашите усни треба непрестајно да го шепотат името на Исус, Кој го порази ѓаволот и сите негови стапици. Непрестајно молете пo нашиот Христос и Тој сесрдно ќе ви поита на помош.

Како што не можете да украдете усвитено железо, та дури не можете ни да му пријдете, истото се случува и co душата што ja изговара  молитвата co Исусовата топлина. Демоните не и’ приоѓаат – a и како би можеле? Ако ја допрат, ќе ги изгори Божествениот оган којшто Божественото име во себе го содржи.

Кој се моли се просветлува, додека оној што не се моли се помрачува.

Молитвата е дарител на Божествената светлина. Од таа причина, секој што се моли е наполно просветлен и Духот Божји престојува во него.

Ако ни пристапат потиштеноста, небрежноста, унинието – да се молиме co страв, co болка и голема будност на умот и во истиот час co благодатта Божја ќе го доживееме чудото на утехата и радоста.

Невозможно е оној што се моли да биде злобен кон некого или да одбие да прости некое согрешение. Сè се претвара во пепел кога ќе се пристапи кон огнот на Исусовата молитва.

Затоа, чеда мои, молете се co спасителната и осветителна молитва Исусова за да бидете и вие просветлени и осветени.

Молете се и за мене, мрзливиот грешник, за Бог да ми се смилува при мноштвото мои гревови, како и заради моите безбројни обврски.

Пренесено од книгата “Поуки за Исусовата молитва” од Старец Ефрем Филотејски

 

Претходна статијаУВО НЕ МИ ЧУЕ… (Митрополит Наум)
Следна статијаДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА – рекол Господ (Кои работи им се својствени на децата?) Авва Исаиј