О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, патеводителке, закрилнице и надеж за мое спасение!
Ми претстои да тргнам на пат, и Тебе ти ги предавам и душата и телото.
Целиот себе си се предавам на Твоето промислување и на Твојата сесилна помош.
Сесрдно те молам, милосрдна Мајко, раководи ме во мојот пат, чувај ме под твојот покров од секаква несреќа и скрб, од видливи и невидливи непријатели.
Богородице, моли го милостивиот Бог, Кој некогаш на својот слуга Товиј му го испрати Ангелот Рафаил, за да го пази од секакво зло по патот. Сега и мене да ми испрати Ангел патеводител, за да ме чува при патувањето, и здрав и спокоен да ме врати во мојот дом, во слава на Неговото свето име.
Затоа јас ќе го прославувам преку сите денови на мојот живот и Тебе Владичице, ќе Те величам сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.
+ + +
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото нетлено што Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’.
Амин.