Поука за озборувањето

Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре. Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, па тргнале на пат. Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:

„Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“

Тогаш жената рекла на својот маж:

„Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.

Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

„Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“

Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.

Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале:

„Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“

После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.

Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат.

Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле:

„Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедат од пешачење, а само двајца да пешачат.“

Така и ние, можеме бесконечно да се расправаме кој треба да го влече магарето, но за семејството секогаш ќе биде најважно да стигне до целта.

А по патот, ќе се менуваме!

 

 

Prohor Blog

Претходна статија„Кој што прави, за себе си прави” Архимандрит Гаврил
Следна статијаНо што е со ”ситните“ гревчиња? (Три поуки)