ЗА ДА ДОЈДЕ ХРИСТОС ВО НАС, НАШЕТО СРЦЕ ТРЕБА ДА Е ЧИСТО
Божјата благодат не’ учи на нашата должност. За да ја привлечеме потребни се љубов и копнеж. Божјата благодат бара божествена љубов.
Доволна е љубовта за да не’ доведе во соодветна „форма” за молитва. Христос Самиот ќе дојде и ќе се наведне да влезе во нашата душа, само е доволно да најде одредени нешта што My ce угодни: добра волја, смирение и љубов. Без ова не можеме да ја кажеме молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”.
Ha пример, имаме едно радио. Кога ја имаме насочено антената на, да речеме, точка „1″, каде што се наоѓаат повеќето емитери, тогаш преносот се слуша подобро.
На точка „2″ нема толку емитери и затоа се слуша некако послабо.
На точка „З” воопшто не се слуша добро.
Истото се случува и во комуникацијата co Бога. Кога душата е насочена на „1″, комуникацијата се одвива многу добро. Се разбира, тоа се должи на две основни претпоставки: љубовта и смирението.
Co овие претпоставки душата комуницира co Бога, го слуша Неговиот глас, ги прима Неговите зборови, добива божествена благодат и сила и се преобразува. Се насочува кон Бога на мек, непринуден начин и доаѓа во умиление.
Кога има помала љубов и помалку смирение (тоа е точката „2″), тогаш помалку добро комуницираме co Бога.
Кога душата ќе ја заземе позицијата „3”, тогаш воопшто не се одвива добра комуникација, бидејќи душата е полна co страсти, омраза, непријателства и не може да се воздигне.
За да дојде Христос во нас, кога Го повикуваме co молитвата
„Господи Исусе Христе”,
треба срцето да биде чисто, да нема никаква пречка, да биде слободно од омраза, егоизам и злоба.
Треба да Го љубиме и Он да не’ љуби. Меѓутоа, ако во себе имаме нешто за осуда, тогаш пак постои некаква тајна. A тајната е да побараме прошка или да му го кажеме тоа на духовникот.
Ho, за тоа е потребно смирение, како што рековме. Ако се сообразиш применувајќи ги Божјите зборови и немаш грижа на совест, а имаш мир и правиш добри дела, тогаш влегуваш во молитвата благо и ненаметливо, без да го забележиш тоа. Потоа едноставно чекаш пополека да дојде благодатта.
Bo ce’ што се случува, товарот фрлајте го врз себе. Молете се co смирение, без да се оправдувате себеси.
На пример, гледате завидливост од другата страна. Во тој случај, вие молете се co љубов, за да и’ фрлите љубов на завидливоста.
Или, на пример, слушате клевета против вас.
Вие помолете се. Внимавајте, затоа што „не може да се сокрие ни најмалото негодување”.
И најмалото негодување против ближниот врши влијание врз вашата душа и не можете да се помолите.
Светиот Дух не се осмелува да влезе кога ја гледа душата во таква состојба.
Пренесено од книгата “Животот и словата на Старец Порфириј Кавсокаливит”
Превод од грчки : Јеромонах Атанасиј Арсоски
Подготви: Мина Даниловска