ЗА ВОЗРАСТА

Зарем човекот е некогаш задоволен co она, што го има?

Toj секогаш сака нешто друго – да биде поинаков, да има повеќе, да умее нешто, што не може да прави. Секогаш нешто му недостасува. Секогаш се жали и бара право на нешто.

Тој не умее да ја оцени својата состојба и да извлече од неа се’ што може; и премногу често му се чини, дека тој задолжително треба да „набави” или „добие” нешто, што тој го нема. Сите ние, луѓето, сме суштества ненаситни и неблагодарни, склони кон незадоволство и роптање.

Истото е и co возраста…

Bo животот на човеког има таква разделна линија, до која тој го забрзува текот на времето и од која тој би сакал да го забави или запре. Таа разделна линија луѓето ја престапуваат во различни периоди.

До нea човекот си вели на себе и на другите: „но, јас и не сум толку многу млад” … бидејќи нему му се чини дека другите го гледаат како дете…

A пo таа линиja човекот секогаш е подготвен да им каже на другите и на себеси:

,,но, јас и не сум толку многу стар”… бидејќи тој го чувствува бремето на годнните и не сака да му се предаде. Cите ниe незабележливо пазиме на други – што мислат тие за нас, за какви не’ сметаат и за колку возрасни не’ сметаат? А тие ,,другите” никаде не учеле правилно оценување на луѓето и ja одредуваат возраста според надворешните карактеристики; а тие карактеристики многу често мамат.

Личноста на човекот е внатрешна категорија, која не може да се утврди според надворешните карактеристики; а возраста се однесува токму кон внатрешниот мир на човекот, бидејќи . тој е духовна категорија.

Постојат деца без срце на фантазија, разумни не според годините и сурови уште од раѓање: „сув плод, предвреме созреан” (Лермонтов); тие никогаш не биле млади и влегуваат во животот како исушени старци.

А има и луѓе co многу години, co длабоко срце и жив дух, слични на старо, благородно, огнено вино. Оној чие срце пее, таквиот секогаш е млад а оној, чие срце никогаш не пеело, тој се родил остарен.

Вистинската младост е својство на духот, негова сила, негова творечка игpa. И онаму, каде што духот дише и расцветува, каде што пее срцетo, таму староста e само нетактичност на времето и измамлив привид.

 

Зa жал, луѓето малку знаат за ова. Тие немаат духовна сила, за самостојно да ja определат својата возраст; тие немаат умешност да останат духовно млади. Затоа тие се покоруваат на состојбите на своето тело, загрижено ги бројат изминатите години, co тешко срце ги гледаат своите паднати влакна, се трудат да ја скријат од другите својата вистинска возраст, се гневат на невнимателни прашања, го премолчуваат денот на своето раѓање и на крајот на краиштата ги добиваат своите жлезди за главно во животот…

Колку често стануваме несреќни од кусогледост и наивност и не разбираме дека духовноста е клуч на вистинската среќа…

Уште од младоста човекот гледа напред и бара необични можности; тој не може да почека да стане постар и да се покаже пред возрасните, зашто од сите страни слуша навредливи зборовн (,,детенце”, „момче”, „голобрад”) и нему му се чини, дека лугето си разменуваат потсмешливи насмевки на негова сметка… Тој постојано фантазира да излезе од детските години и да навлезе во сите тајни на возрасните, кои поради нешто гу кријат од него… Зошто?

Ho ете и тоа бидна: искушенијата на детството завршија и возрасните зборуваат co него, како co возрасен; детската срамежливост исчезнува, ни младешки занес, ни раздразливост веќе нема. Нему само му се чини дека постарата генерација е досадна и неинтересна, дека во неа има нешто старомодно, застарено, дури и некаква скаменетост.

„Овие старчиња” си мислат дека имаат некаков посебен „животен опит”, од кој тој како да е лишен; дека тие се’ знаат и разбираат подобро и дека се’ и секогаш треба да остане „пo старо, како што е од мајка дадено”. И сите тие се повикуваат на својот „авторитет” и не му даваат ред. Но,се разбира, доаѓа времето н наскоро тој ќе ги добие своите права…

Без самиот да забележи, тој потоа ја прегазува таа временска линија, таа животна вододелница, no кoja човекот престанува да брза и се освестува дури тогаш, кога се’ веќе се завршило.

Сега тој веќе не сака да станува се’ постар и постар – доволно му е. Напротив, толку пријатно би било да се забави или прекине полетот на времето. Ете веќе пораснува новата генерација, co своите нови вкусови, манири и мислења.

И нему веќе му се чини дека тоа е некаква чудна младина, дека таа има нешто неубаво и дека самата таа не знае што сака.

„Тешко е да се зборува co нив, тие не не’ разбираат, а и ние нив”…

И набрзо тој веќе жали за минатото, и би сакал да го врати и би сакал да симне од вратот десетина – петнаесет години… Ho, за жал, тоа е невозможно…

И така, човекот секогаш е незадоволен; и тој нема право во ова, особено кога станува збор за возраста. He треба да се жалиме и да роптаме, да нe брзаме и да не забавуваме, туку да одиме од својата возраст, без да и’ се покоруваме.

Возраста не се одредува од долгодеиствието на животот и состојбата на телото; таа се одредува според други мерила. Покорноста и беспомошноста овде се неумесни; стравот и неискреноста – се понижувачки.

Треба да добиваме и добиеме независност од својата возраст. He треба да се   расправаме co неа и да се измачуваме; нека доаѓа староста: таа не треба да ја гасне нашата младост. Може да се биде истовремено и стар и млад. Треба духовно да ја совладаме својата возраст и да ја претвориме во небитна ситница нa постоењето…

Лесно е да се каже… Но како да го сториме ова?

Еве како.

Најпрво, треба да ја одредиме својата возраст не според состојбата на телото, туку по состојбата на духот. Второ, треба да се насладуваме во секоја возраст од нејзините најблагородни радости и да ги решаваме духовните задачи поставени од таа возраст. И, трето, треба да живееме во секоја возраст така, што нема да старееме и да остариме, што ќе биде од памтивек за навек. И сето тоа влегува во искуството на животот.

Секоја возраст има свои бои. Секоја си носи свои радости. Секому му е достапна својата духовна убавина. И треба да умееме да се насладуваме co сето ова.

Детето ги отвора очите и го гледа пред себе сето создание во сето негово богатство и величие. Секоја тревка е подготвена да му ja соопшти својата тајна, секое цветче гледа на него co срдечна нежност; секое штурче го восхитува co својата полет; секое дрво му шепоти за величината и силата.

Тоа е време на природно богатетво, восхит, радост, доверливост и тајни. Девствена восприемливост на душа, радост од нови откритија, претпоставка и претчувства, уметничка сериозност во играта, непосредно соединување co природата, први разбудувања на духот…

Младичот ја открива љубовта во нејзиното сладосно измачување и во нејзиното измачувачко блаженство. Секоја жена му изгледа како сад co нежна тајна, секоја му ветува можност за идна, идеална среќа.

Тоа е време на фантазерски барања, вљубеност и срамежливост, другарство и одрекување, време нa „прашања” без одговор и време на внатрешна борба co себе. Пролет, целомудрена љубов, први бури, првото челичење во разочарувањата, среќа на искрена љубов кон сета вселена…

Возрасниот човек го наоѓа својот животен призив и го зазема своето место во светот. Hero го чека цел ред драгоцени и радосни откритија. Тој го спознава животот во сета негова тешкотија, сериозност и одговорност.

Toj јa утврдува својата духовна самостојност; тој се убедува во тоа дека волјата е сила која устројува и оформува. Тоа е време кога се завршува личниот карактер,откривање на своите сили и способности; тоа е време на интересни замисли и перспективи, време на стапување во брак и раѓање на првото дете. Среќа од започнатиот живот, радост на завршената љубов.

Зрелиот маж ја спознава радоста и маката на човечкото творење и божествената важност на светот. Тој веќе ја гледа конкретната длабочина на животот и границата на своите сили. Пред него се открива суштината на нештата, и неговиот живот влегува во периодот на плодоносие.

Тоа е време на објавување на главните дела и воспитување на новото поколение, време на заслуги, признанија и искачувања. Убавина на доцното лето; аромата на собраните стогови и набрани јаболка; среќа на зрели и завршени дела.

Староста го вкусува спокојот и тишината на срцето; таа гледа пред себе прекрасен хоризонт на животот и се насладува на власта на слободното откажување.

Тоа е време на избистрено созерцување, слатки cпомени, возвишена духовна зрелост. Чудесна бестрасност на дружењето; благодатно богатство на есента; осамено стоење на стражарска кула; тивко учителствување на мудрец; светска тага на философот; молитва на отшелник за страдалните луѓе.

A на престарениот старец му е дадено уште подобро и повозвишено: тој учествува во таинствената целесообразност нa светот во сета нејзина длабочина и добрина; тој веќе проникнува co погледот во задгробниот живот и подготвен е да го благослови својот земен крај.

Тивко ослободување од се’ што e натчовечко; непристрасно и некористољубиво созерцание; љубов што благословува; блескаво заоѓање на сонцето; претчувство на скорото преобразување на животот.

Треба само да се размисли: колку е среќен човекот, кој ги добива утехите на староста и кој не ги уништил даровите на младоста… Колку е среќен тој, ако во неговото срце, како и порано, пее љубовта, а од старечкото око блеска детска искреност…

А ако тој го проживеал сиот свој живот во служење на вечното – во љубов, во духовно созерцание и во божествената ткаенина на светот, – тогаш неговиот живот би бил благословен и среќен… Тоа значи дека тој уште како дете се радувал на Божјите провејувања во светот и дека тој, како младич, ја созерцувал Божјата искра во својата љубена; влегувајќи во животот, тој веќе сфатил од Кого е повикан и кон што, a како зрел маж – цврсто знаел, Кому и на што тој му е верен.

Тогаш и неговата доцна мудрост ќе биде проникната од духовна љубов и тој ќе му свети на својот народ, како духовен светилник. И кој ќе влезе во неговата светлина, тој ќе го почувствува неземннот извор на неговата светлина. И напуштајќи ја земјата, тој спокојно и радосно ќе влезе во тој вечен мир, кому цел живот му припаѓале неговите помисли…

И ако така живееме, нашиот живот ќе стане цветна градина. Возраста ќе биде совладана, старста ќе се покаже одухотворена…

И ќе нема на што да се жалиме и да роптаме.

Пренесено од книгата “Срцето што пее” од Иван Александрович Илин

Подготви: Мина Даниловска

Претходна статијаНЕВРОТИЧАРОТ И ЧУВСТВОТО НА ВИНА (од книгата “Пастирска помош на душевно болни” од игумен Евмениј)
Следна статијаГЛЕДАТЕ ЗАВИДЛИВОСТ КАЈ ДРУГИОТ? МОЛЕТЕ СЕ И ФРЛЕТЕ И ЉУБОВ НА ЗАВИДЛИВОСТА!(“Животот и словата на Старец Порфириј Кавсокаливит”)