“Никој од нашата Света црква нема намера да го менува нејзиното уставно име и сите расправии, акции и реакции во таква насока се беспредметни; и повеќе се показател на некоја лична нетрпеливост отколку на некоја реална состојба.
Но, во врска со оваа тема треба сите да знаеме и да освестиме дека имињата Јустинијана Прва, а посебно Охридска Архиепископија, се поврзани со самата суштина на нашиот посебен христијански идентитет и се од сите и сегде, меѓу православните, познати и признати, додека пак, името МПЦ е поново и е поврзано повеќе со формата на нашиот христијански идентитет – иако не помалку важно.
Затоа и во нашиот црковен Устав се вели дека ние ја возобновуваме Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ.
Треба да бидеме многу внимателни, оти ако се изгуби суштината, секако ќе се изгуби и формата, а ако суштината се сочува, секако ќе се сочува и формата.
Мене ми се чини дека моментално повеќе е загрозена суштината отколку формата.
Во склоп на сето досега кажано, мислам дека доволно кажав – за паметните.“