За служителот да ги држи во рацете чесните дарови треба да помине период на покајание:
се приближува на светиот жртвеник каејќи се κακο блудниот син.
Покајниот псалм, кој го говори свештеникот при кадењето, усрдните тропари, поклоните пред светиот жртвеник и светото предложение, барањето прошка од Бога, од служителите, од народот, на видлив начин ги изразуваат покајните чувства на служителот.
Служителот co личен пример им укажува на верниците на патот на покајанието.
Според тоа, „го изобразува Претечата и Крстителот Јован, кој почнал да проповеда пред Христа говорејќи:
Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно.”
Служителот, како образ на Крстителот, не побудува да го подготвиме патот на Господа, значи патот кој ќе нѐ одведе кон Христа.
Тој пат е покајанието.
Така, подготвувајќи се за Великиот вход – и народот и служителот, живееме во покајание и го исчекуваме Христа.
Служителот, како светиот Претеча, извршува покајно крштевање. Во продолжение Христос ни го предава животот свој, бидејќи целиот оган и за ангелите недостапен и неиздржлив”,
на верните им се пружа како храна. Секој верник, радувајќи се и треперејќи истовремено, co оган се причестува… неискажливо оросуван.
Преку причеста се приближуваме на животот:
Кој е свет нека пристапи; кој не е, co покајанието да постане, говори свештеникот на Литургијата на Апостолските установи, повикувајќи ги верниците да се причестат.
Гревот ја родил смртта, покајанието го отвора патот на животот.
“Гревот е смрт. Кој е тој кој, усмртен co него, caмиот ќе воскресне? Апсолутно никој.”
Значи, co покајаиието прибегнуваме кон Безгрешниот, Кој е Воскресение и Живот.
Co покајанието влегуваме во Светата литургија. Светата литургија е излегување од гревот и влез во Царството:
Од земјата харанска на гревот излези, душо која си грешна, и оди во земјата каде тече вечната непропадливост.
Согласно co најстариот литургиски текст служителот говори: Нека дојде благодатта и нека помине
светот.
Светата литургија нѐ води во овој свет на благодатта.
И свети Максим сака да стигнеме таму.
За овој голем мистик на божествените нешта и тајноводител на верниците, Великиот вход е почеток и пролог на „новото учење кое ќе се случи на небесата во врска co Божјиот домострој на cпасението за нас и откровението на тајните на нашето спасение, кое е скриено во длабочините на божественото таинство. Учење кое настанува преку делото на жртва на учителот.
Дело кое го осветлува словото Негово.
Пренесено од книгата “Толкување на Светата литургија” од Еромонах Григориј Светогорец