Кој сака да го види Христа, мора да го подигне духот над природата, оти Христос е повисок од природата.
Високата планина подобро се гледа од рид отколку од долина. Закхеј бил низок човек, па опфатен co желба да го види Христа, се качил на дрво.
Кој сака да се сретне co Христа, мора да се очисти, оти се сретнува co светителот над светителите.
Закхеј бил извалкан co среброљубие и немилосрдие, па при средбата co Христа брзаше да се очисти co покајание и co дела на милосрдие.
Покајанието е напуштање на сите лоши патишта, по кои оделе човековите нозе и човековите мисли и желби, се враќање на нов пат, на патот Христов.
Но како ќе се покае грешниот човек, ако во своето срце не се сретне co Бога и не се засрами?
Малиот Закхеј, пред да го види Христа co своите очи, се сретна co Hero во своето срце и се засрами од сите свои патишта.
Покајанието е болка од самоизмамата co која грешниот човек долго живеел, долго и предолго, сѐ додека не ја почуствувал болката од неа.
Но самата таа болка води кон очајување и самоубиство, ако co неа не се поврзани срамот и стравот од Бога.
Дури тогаш таа болка од самоизмама не е убиствена, туку е лековита.
Блажениот Августин најнапред ја почувствувал болката од самоизмамата која ќе му ја убиеше и душата и телото, ако наскоро не се засрамеше и не добиеше страв Божји.
Покајанието е ненадејно видување на својата лепрозност и барање лек и лекар.
Како кога човек co црна коса, долго време не се гледа во огледало, па кога еднаш неочекувано ќе се види
– косата сета бела!
Така и непокајаниот грешник долго време мисли и тврди дека има здрава и безгрешна душа, a кога еден ден ненадејно ќе му се отвори духовниот вид, тој ќе ја здогледа својата душа – сета лепрозна.
Но, како човекот да ја види лепрата на својата душа, ако не се погледне во огледало?
Каде е тоа огледало?
Христос е тоа огледало, во кое секој се гледа каков што е. Тоа е единственото огледало што им е дадено на луѓето, за да се огледуваат во него и да се видат какви се.
Во Христа, најчистото огледало, секој ја гледа и својата болна личност и својата првобитна убава слика, каков бил и каков би требало да биде.
И грешниот Закхеј, надворешно здрав и добар, откако дозна за Господа Исуса, забележил страшна лепра во себеси и страшна болка за која немаше лекар на земјата освен самиот Христос.
Покајанието е почеток на лекувањето од самоволие, почеток на покорување на волјата Божја.
Живеејќи според својата волја, човекот бргу слегува од своето царско достоинство во трлото и во леглото на ѕверовите.
Ниту еден човек на земјата не можел да оди според својата волја и да остане човек.
Човек не значи самоволие; човек, вистинскиот човек, значи потполно потчинување на волјата Божја, на сезнајната и непогрешлива волја Божја.
Bo куќите на лудилото и плачот престојуваат самоволниците, во куќите на најголемата темнина и чкртањето co забите.
Нивното тело е темнина и чкртање co забите; нивната душа е темнина и чкртање co забите.
Самоволието ја отвора вратата на неуморниот црвец, којшто ja подјадува и душата и телото,
Покајанието е откритие на сопствената црвливост.
Леле, кога се намножија толку црви во мене!
Леле, кој ќе ме очисти од толку лоши црви во мене! Така вика исплашениот грешник кога ќе му се открие видот, та ќе го здогледа тоа што живее во него.
Преземено од книгата “Омилии”